Пролетна превентивна дератизација на канализационата мрежа во Прилеп и Алинци

Дератизацијата ќе трае од 12.03.2025 до 04.04.2025 година...

Од Центарот за Јавно Здравје од Прилеп известуваат дека во периодот од 12.03.2025 година па се до 04.04.2025 година нивни екипи ќе ја спроведуваат пролетната превентивна дератизација. Дератизацијата ќе се изведува со помош на отровни мамци (родентици), а со истата ќе се третира подземниот канализационен систем во градот Прилеп и во депонијата Алинци.

Во соопштението од прилепскиот Центар за Јавно Здравје велат:

-Во текот на спроведувањето на дератизацијата да се оневозможи пристап на населението до местата каде е спроведен и означен дератизациониот процес. 

-Се забранува контакт, отстранување или пак преместување на родентицидните мамци.

-Да се онемозможи контакт на домашните миленици со родентицидните мамци.

Од прилепскиот Центар за Јавно Здравје додаваат и дека доколку граѓаните не се придржуваат до мерките тие како институција при несакани последици се оградуваат од било каква одговорност.


#Сервисни информации

Коментари

Популарни постови са овог блога

Ученици од здравствената струка при СОУ„Ѓорче Петров“-Прилеп мереа шеќер во крвта, крвен притисок и витаминско-минерален статус (фото)

Реновирале стан и целиот отпад го оставиле во парк во Прилеп

Лишени 12 лица од слобода во Прилеп