Спасени две момчиња од водите на Мавровското езеро

Момчињата биле спасени од специјалните полициски единици...

Денеска во 12:45 часот преку бројот за итни случаи 112 било пријавено дека во Мавровското езеро биле забележани две момчиња кои се качиле на чамец и се движеле по езерото. Набргу потоа чамецот се превртел, а момчиеата се држеле за самиот чамец додека езерските бранови ги воделе кон браната. За настанот веднаш по пријавата биле известени органите на Центарот за управување со кризи, Итната медицинска помош како и Националниот Парк Маврово.

Имено, припадници на антитерористичката група Тигар и Хеликоптерската единица при МВР во координација со Полициското одделение Маврово и засегнати институции во спасувачката мисија во 15:10 часот од водите на Мавровското езеро биле успешно извлечени двете млади момчиња со иницијали Х.Б (24) и И.Р (23) двајцата од Скопје.

Х.Б и И.Р во моментот на излекување биле во контактибилна состојба, при што биле пренесени на медицински преглед во гостиварскиот ургентен центар, соопштуваат од Центарот за управување со кризи.


#Македонија

Коментари

Популарни постови са овог блога

Видевска: Задоволна сум од уписот на ученици во СОУ„Ѓорче Петров“-Прилеп

Од „Пушти коси“ до „ И тебе сам сит кафано“ синоќа на Пиво фестивалот во Прилеп

Прилеп со 8 милиони евра ќе инвеститра нови развојни програми