Трагедија во Кочани: Голем пожар во дискотеката ,,Пулс” во Кочани

 Во пожарот над 50 жртви и над 100 повредени…



Синоќа, во дискотека во Кочани, за време на концерт на позната група ДНК, избувна страшен пожар кој, според првичните информации, однесе најмалку 50 животи. Според изворите, пожарот најверојатно бил предизвикан од употреба на пиротехнички средства, но официјалните причини сè уште се истражуваат.

Повредените, кои се здобиле со сериозни изгореници и проблеми од вдишување чад, итно беа пренесени во повеќе болници низ државата. Во Градската болница „Св. Наум Охридски“ во Скопје се хоспитализирани 27 лица, 24 на Клиничкиот центар, а во болницата „8 Септември“ се примени 18 пациенти, од кои двајца се во критична состојба. Дополнително, дел од повредените се префрлени во Клиничката болница во Штип.

Пред Болницата во Кочани владее огромна неизвесност – роднини и блиски на жртвите и повредените чекаат информации за своите најмили, а пред кочанската болница се екипи од Црвениот Крст кои што на роднините и блиските на жртвите им делат водат и средатва за смирување. Општинската организација на Црвениот крст активно работи на правење списоци за идентификација на загинатите.

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, веќе се наоѓа на местото на трагедијата, а на терен пристигна и премиерот Христијан Мицкоски. Сите надлежни служби, вклучувајќи јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кочани, се ангажирани во истрагата за утврдување на сите детали поврзани со несреќата.

Бројот на жртви според Алфа телевизија изнесува 50, а бројот на повредени изнесува ооколу 100. Увидот и истрагата за причините за пожарот сѐ сеуште во тек, а подетални информации се чекаат во текот на денот.



#Македонија

Коментари

Популарни постови са овог блога

Јовчески: Новата прилепска катна гаража се очекува во употреба да се пушти за три недели

Автобускиот градски превоз во Прилеп со изменет возен режим

(Видео) Публиката на втората фестивалска вечер уживаше во настапот на Таско, Огнен Здравковски, Суперхикс и Том Нови