Прилепската гимназија „Мирче Ацев“ доби ново спортско игралиште

Во СОУ Гимназија „Мирче Ацев“-Прилеп пуштено во употреба новото спортско фудбалско игралиште...

Во СОУ Гимназија „Мирче Ацев“-Прилеп денеска за потребите на учениците од ова прилепско средно училиште беше пуштено во употреба новото реконструирано спортско фудбаслко игралиште.

На свеченото отворање на игралиштето присутен беше Министерот за спорт Борко Ристовски, вели дека тој како министер и како цело Министерство за спорт секогаш ќе бидат на страната на младите и на страната на спортот, а денешното отворање на спортското игралиште во прилепската гимназија било мал гест за покажување дека без добра инфраструктура неможело да се очекува развој на било што, а сосебно на спортот. 

Борче Јовчески, градоначалникот на Општина Прилеп при денешното отворање на новото фудбалско спортско игралиште во Прилеп упати благодарност до Министерството за спорт и неговиот министер Борко Ристовски, како и до македонската влада и македонскиот премиер Христијан Мицкоски, кој ја препознале употребата за подобрување на спортската инфраструктура и го препознале овој значаен спортски проект за Прилеп. Според Јовчески со реконструкцијата се обезбедиле поквалитетни услови за спортување и вложиле во развојот и иднината на учениците.

Весна Михаиловска, директорка на СОУ Гимназија „Мирче Ацев“-Прилеп вели со задоволство го отвориле новото реконструирано фудбалско игралиште кое според Михаиловска ќе било место каде што ќе се создаваат нови спортски таленти, нови пријателства, но и ќе се слават нови успеси. Михаиловска при денешното отворање на спортското фудбалско игралиште во прилепската гимназија упати благодарност до сите оние кои ја  поддржаа реализацијата на проектот за реконструкција.

Инаку, директорката на прилепската гимназија Михаиловска најави и реконструкција на веќе постоечката спортска сала во училиштето која што не е реконструирана повеќе години, а во наредниот периодот со поддршка од локалната самоуправа ќе започнела реконструкцијата на спортската сала.


#Локално

Коментари

Популарни постови са овог блога

Јовчески: Новата прилепска катна гаража се очекува во употреба да се пушти за три недели

Автобускиот градски превоз во Прилеп со изменет возен режим

Времениот режим на сообраќај на патот кој ќе се гради од Прилеп до Битола договорен