Тротоарите во Прилеп се враќаат на пешаците
Од Општина Прилеп известија дека...
Од Оптина Прилеп денеска ги известија граѓаните дека од денеска започнуваат со акција за враќање на тротоарите на пешаците.
„Тротоарите се наменети за безбедно и непречено движење на пешаците, а не за паркирање на возила! По одржаниот координиран состанок помеѓу градоначалникот на општина Прилеп, претседателката на Советот, ЈП за ПУП и претставници на ОВР Прилеп, од 24 март започнуваме една недела само со известување до возачите, а потоа ќе следуваат и соодветно пропишаните санкции за сите непрописно паркирани возила на тротоарите каде што нема обележан паркинг простор и на пешачките зони. Безбедноста на граѓаните е наш врвен приоритет!“ -се вели во соопштението од Општина Прилеп.
Од Општина Прилеп издадоа апел до возачите за свесност и одговорност и додаваат дека троатоарите служат за непречено движење на пешаците, а не служат како паркин места за автомобилите.
#Локално
Коментари
Постави коментар