Вработените во МЦСР Прилеп со мирен протест

Протест на социјалните работници од МЦСР Прилеп...

Вработените во Меѓуопштинскиот Центар за Социјални Работи од Прилеп денеска точно напладне одржаа мирен протест пред нивното работно место, а поводот беше вчерашниот инцидент кога од страна на 50-годишен маж беше пукано во работничка во МЦСР Прилеп. Социјалната работничка заврши со влезно-излезна рана, а 50-годишниот маж со иницијали А.Ј извршил бегство од Психијатриската Болница „Демир Хисар“ на 20.03.2025 година. 

Социјалните работници кои денеска имаа мирен протест на кој рекоа дека протестот ја изразува нивната загриженост поради случаите на насилство врз вработените во ЦСР, а според нив вчерашниот инцидент е показател дека се потребни заштитни промени на вработените во ЦСР.

„Мирниот протест ја изразува нашата загриженост поради случаите на насилство врз вработените во ЦСР, а вчера кулминираше со обид за убиство врз наша колешка. Вчерашниот инцидент е показател дека се потребни промени за заштита на вработените во ЦСР“-велат социјалните работници од МСЦР Прилеп.

Зоран Малкоски, директорот на МЦСР од Прилеп вели дека вчера во прилепскиот ЦСР се одвивалала вистинска драма, А.Ј прво се упатил кон канцеларијата каде што работела социјалната работничка меѓутоа кога не ја видел таму тој почнал да пука во ходникот при што ја здогледал работничката и и нанел влезно-излезна прострелна рана, а како што вели Малкоски тој прво мислел дека е пиштол за заплашување и буквално се борел со напаѓачот.

„Ги замолив колешките во тој момент да заминат од канцеларијата. Се расправме и боревме со сторителот. Тој цело време имаше пиштол во раката, а колегите веќе повикале брза помош и полиција, а полицијата заедно со инспектори дојде веднаш. Целата драма траеше некои десетина минути.“-вели Малкоски.

Малкоски додава и дека ќе ги чека официјалните извештаи дали навистина сторителот е избеган, колку време е избеган и зошто тие како институција не биле навремено изветени за да реагираат поинаку. 

„Ќе ги чекам официјалните извештаи дали навистина сторителот е избеган, колку време е избеган и зошто ние како институција, посебно во делот каде колешката е мета да не бидиме известени за да ние се подготвиме за да постапиме поинаку. “-додава Малкоски.

Инаку, социјалната работничка е со иницијали  М.Ј  и е во добра општа здравствена состојба и надвор од животна опасност, потврдија од прилепската болница.


#Локално

Коментари

Популарни постови са овог блога

Јовчески: Новата прилепска катна гаража се очекува во употреба да се пушти за три недели

Автобускиот градски превоз во Прилеп со изменет возен режим

(Видео) Публиката на втората фестивалска вечер уживаше во настапот на Таско, Огнен Здравковски, Суперхикс и Том Нови