Општина Прилеп подготвена за нови капитални проекти

Локалната Самоуправа од прилепската општина е подготвена за нови капитални проекти...

Општина Прилеп продолжува со интензивна работа за унапредување на инфраструктурата и подобрување на квалитетот на животот за граѓаните. Во рамки на повикот од Минситерството за локална самоуправа, Општина Прилеп аплицираше со 11 значајни проекти, а истите тие проекти треба да бидат финансирани од страна на македонската влада. 

Од Општина Прилеп велат дека проектите се од витално значење за граѓаните.

„Ова се проекти од витално значење за сите граѓани, а нивната реализација ќе значи поквалитетен живот, подобра инфраструктура и современи урбани решенија“-велат од Општина Прилеп.

Проектите со кои Општина Прилеп на повикот од Министерството за локална сампоурава аплицираше се следни:

1.Реконструкција на дел од плоштадот „Методија Андонов-Ченто“ (пред хотел „Скопје) и посатвување на урбана опрема.

2.Изградба на мост на улицата „Победа“ над реката „Оревоечка“.

3. Реконструкција на улицата „Орде Чопела“ (влез на градот од Македонски Брод).

4. Комплетна реконструкција, вклучително со електротехника на улицата „Трајко Николоски“.

5. Изградба на ново детско игралиште во центарот на Прилеп (позади участакот).

6.Изградба на ново детско игралиште на улицата „Борка Талески“ во населба Типски.

7.Изградба на водоснабдителен систем во селото Лениште.

8. Реконструкција на главен потисен цевковод за водоснабдување на Индустриска зона и комплексот на манастирот Свети Димитрија во село Селце.

9.Изградба на фотонапонска централа која што се поставува на објекти (на пречистителна станица)

10.Интеракција на дистрибурани локации од водоснабдителен систем на град Прилеп во постоечка SCADA систем и интеграција со ГИС систем.

11.Проект за промена на водоводна мрежа од јазол на булевар „Гоце Делчев“ со улицата „Кузман Јосифоски“ (број 1-55) до јазол на улицата „Кузман Јосифоски“ со улицата „Ленин’’ (број 1-72) фаза Хидротехника.

Како што велат од Општина Прилеп во завршна фаза е подготовката за уште еден капитален проект, Обиколница-Исток  (од мермер Сивец до А1), а истиот тој проект е во постапка за добивање на дозвола за градба.

Од Општина Прилеп додаваат и дека во изминатиов период тие работеле со полн капацитет за подготовка и апликација на овие проекти се’ со цел за што повеќе реализирани инфраструктурни зафати за решавањето на приоритените прашања од интерес за граѓаните.

Инаку, од прилепската општина изразуваат благодарност до македонскиот премиер и претседател на македонската Влада, Христијан Мицкоски за подддршката што ја даваат од владата за сите општини, а се со цел за остварување на историски развој на локалните заедници.


#Локално

Коментари

Популарни постови са овог блога

Јовчески: Новата прилепска катна гаража се очекува во употреба да се пушти за три недели

Автобускиот градски превоз во Прилеп со изменет возен режим

(Видео) Публиката на втората фестивалска вечер уживаше во настапот на Таско, Огнен Здравковски, Суперхикс и Том Нови