Почина Андреј Ѓоргиески од ДНК, загина и музичарот Филип Стевановски

Македонија завиена во црно...

Тажни вести пристигнуваат по трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, кој однесе повеќе од 50 животи. Телевизија Телма објави дека Андреј Ѓоргиески, еден од членовите на дуото ДНК, им подлегнал на повредите. Веста ја потврди неговото семејство.

Освен Ѓоргиески, во пожарот животот го загуби и Филип Стевановски, музичар од Куманово и придружен член на ДНК, јавува штипската телевизија ТВ Стар. Стевановски беше реномиран продуцент, пијанист, тромбонист и композитор, магистрирал jazz музика и работеше во Државниот музички училишен центар „Сергеј Михајлов“ во Штип.

Оваа трагедија остави непроценлива загуба во македонската музичка сцена, а јавноста со голема болка ги испраќа последните зборови на сочувство до семејствата на жртвите.


Извор на информации: Портал Музка 24

#Македонија

Коментари

Популарни постови са овог блога

Јовчески: Новата прилепска катна гаража се очекува во употреба да се пушти за три недели

Автобускиот градски превоз во Прилеп со изменет возен режим

(Видео) Публиката на втората фестивалска вечер уживаше во настапот на Таско, Огнен Здравковски, Суперхикс и Том Нови