Универзалната спортска сала во Прилеп ќе добие нов концесионер
Универзалната сала во Прилеп ќе добие нов концесионер, а најавени се уште две реконструкции на спортски сали во Прилеп...
Министерот за спорт Борко Ристовски денеска од Прилеп порача дека прилепската универзална сала за многу кратко време ќе добие нов концесионер и ќе добие сосема нов сјај. Прилската текстилна компанија „Комфи Ангел“ е новиот концесионер кој треба да ја земе под концесија оваа позната прилепска спортска сала, а според Ристовски преговорите помеѓу министерството за спорт и комапнијата се во тек. Според Ристовски реконструкцијата на оваа спортска сала во Прилеп ќе чини околу 500.000 илјади евра.
„Треба да пресконеме некои чекори за јас да ја побарам Спортската сала која во моментов е под ПУИГ, да дојде кај нас во Министерството за спорт, па повторно да ја дадеме на компанијата „Комфи Ангел“ која што е заинтересирана. Ние направивме решение за скратување на постапките, а тоа е разговор со директорот на ПУИГ на кого му се кажани насоките од Министерството за спорт и од Владата што треба да се напарви, и потоа да ги споиме. “-вели Ристовски.
„Тие веќе имаа два состаноци на кои меѓу нив ги договараат работите, а компанијата „Комфи Ангел’’ заради користење на подолг период, да ја реконструира целата спортска сала и да им ја даде на користње“-додава Ристовски.
Напоредно со активности за универзалната сала во Прилеп се работи и на реконструкцијата на спортската сала „Македонија“ во Прилеп која што повеќе години не е во функција, а истата е мета на вандализам.
„До крајот на годинава треба да се раскине договорот и да се обезбеди буџет со кој ќе се реконструира и повторно ќе биде вратена салата „Македонија“ на Општина Прилеп за користње“-појаснува Ристовски.
Според денешните изјави на министерот за спорт Борко Ристовски, министерството и македонската Влада работат и на реконструкцијата на спортскиот прилепски комплекс „Маркови Кули“ на кој му бил истечен договорот со досегашниот концесионер. Како што вели Ристовски спортскиот прилепски комплекс „Маркови Кули“ ќе бил земен од страна на Министерството за спорт и преку јавно-приватно партнерство ќе го даде на инвеститор.
„Договорот од спортскиот комплекс „Маркови Кули“ ние како министерство ќе го земеме за стопанисување, иако договорот со сегашниот концеционер е веќе одамна истечен. Идејата таму е да најдеме инвеститор кој што е заинтересиран, а преку јавно-приватно партнерство ќе биде даден на користење на новиот инвеститор“-појаснува Ристовски.
#Локално
Коментари
Постави коментар