Владата прогласува седумдневна жалост

Владата во 16:00 часот ќе прогласи седумдневна жалост на територијата на цела Македонија...



Владата на Република Македонија денеска ќе одржи итна седница во 16 часот, на која ќе биде донесена одлука за прогласување седумдневна жалост поради трагичната несреќа во Кочани, во која, според официјалните информации, загинаа 59 лица, а 155 се повредени.

Покрај оваа одлука, Владата ќе донесе и заклучок за итна и вонредна инспекција на сите ноќни клубови, дискотеки и ресторани што организираат забави, со цел да се спречат слични трагедии во иднина. Очекувањата се дека институциите ќе преземат итни мерки за да се утврдат причините за несреќата и да се зголеми безбедноста во сите јавни објекти од ваков тип.


Според информациите од телевизијата Алфа во Македонија пристигнува помош од повеќе држави, а повеќе пациенти се’ пренесени на болничко лекување во повеќе блиски и европски земји.



#Македонија

Коментари

Популарни постови са овог блога

Ученици од здравствената струка при СОУ„Ѓорче Петров“-Прилеп мереа шеќер во крвта, крвен притисок и витаминско-минерален статус (фото)

Реновирале стан и целиот отпад го оставиле во парк во Прилеп

Лишени 12 лица од слобода во Прилеп