Општина Прилеп со хуманитарна помош за настарданите и повредените од трагедијата во Кочани

 Хуманитарните финансиски средства се во висина од 1.000.000 денари...

Општина Прилеп донесе одука за доделување на хуманитарна финансиска помош за настрадените и повредените од страотниот пожар во кочанската дискотека „Пулс“.

Хуманитарната финсниска помош што Општина Прилеп ја додели на Општина Кочани изнесува 1.000.000 денари.. Финансиските средства Општина Прилеп ги обезбеди преку програмата А00-Совет на Општина Прилеп, ставка 412-постојани резерви, подставка 412 110 постојана резерва (непредвидливи расходи).

Финансиките средства Општина Прилеп ќе ги уплати преку сметката на Црвениот крст на Република Северна Македонија, Фонд на солидарноста. Според информациите од Општина Прилеп средствата на трансакциската сметка од Црвениот крст ќе бидат уплатени преку Комерцијална Банка А.Д Скопје со назнака помош за настраданите граѓани во пожарот во Кочани.


#Локално

Коментари

Популарни постови са овог блога

Ученици од здравствената струка при СОУ„Ѓорче Петров“-Прилеп мереа шеќер во крвта, крвен притисок и витаминско-минерален статус (фото)

Реновирале стан и целиот отпад го оставиле во парк во Прилеп

Лишени 12 лица од слобода во Прилеп