Поддршка за граѓаните погодени од трагедијата во Кочани
Поддршката ќе биде психолошка...
Секое семејство кое има починат или пак член кој е повреден и во моментов е на лекување ќе добие околу 150.000 денари. Од Македонската Влада денеска за медиумите велат дека оваа мерка е само почеток на помошта и дека граѓаните треба да ги почитуваат насоките на Владата на Републиката Северна Македонија и на Црвениот крст во однос на банкарските сметки на кои тие ќе бидат донирани.
Имено, психолошката помош која ќе ја добиваат оние кои се погодени од трагедијата веќе се спроведува во училиштата во Кочани и во Универзитетот во Штип. Освен сега засегнатите и ангажирани психолози на веб-страната на министерството за образование стојат уште над 40 телефонски броеви од психолози кои истите тие на располгање се’ 24 часа за сите оние на кои им е потребна психолошка помош.
Според изјавата на доктор Мерџановски целата клиничка ситуација, прифаќањето и третирањето на повредените како и одлуката за активирање на механизмот на Европската Унија за помош на цивилни кризи, а според директорот на Светската Здравствена Организација е позитивно и одлично.
Инаку, Марија Митева, портпарол на владата вели дека од вкупно 23 објекти кои имале важечка и вистинска лиценца 13 не ги исполнуваат минималните технички услови. Според Митева, сопствениците на објектите кои не ги исполнуваат минималните технички услови ќе им биде одземена лиценцата за работа и ќе им биде забрането вршење на дејноста на објектите.
#Македонија
Коментари
Постави коментар