Во скопско Волково кираџија го уби сопственикот, го рани неговиот син, па си пресуди сам на себе

Драмата се случила денеска околу 09:00 часот наутро...

Крвава драма се случило утрово во скопското село Волково каде што 49-годишен кираџија го уби сопственикот на куќата, го рани неговиот малолетен син, а на крај самиот си пресуди со тоа што изврши самоубисто.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, пукањето се случило околу 9 часот наутро. Полициските служби веднаш реагирале на пријавата и излегле на терен.

„Денеска (24.03.2025) околу 09.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с.Волково, скопско, имало пукање од огнено оружје, при што неколку лица биле повредени. Полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека Р.Ц. и М.Н. од здобиените повреди починале на местото. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. Со повреди се здобил и еден малолетник, кој бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување помош. Како можен сторител на настанот се посочува М.Н.“ – соопштија од МВР.

Според првичните сознанија, трагедијата наводно била предизвикана од нерешени финансиски спорови меѓу кираџијата и сопственикот на куќата. Сведоците тврдат дека имале чести расправии, а утрово ситуацијата кулминирала со фатален исход.

Инаку, Повредениот малолетник е хоспитализиран во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и, според лекарите, е во стабилна состојба, а полицијата продолжува со истрагата за утврдување на сите околности околу случајот.

Извор на информации: Радио Лидер

#Македонија


Коментари

Популарни постови са овог блога

Јовчески: Новата прилепска катна гаража се очекува во употреба да се пушти за три недели

Автобускиот градски превоз во Прилеп со изменет возен режим

(Видео) Публиката на втората фестивалска вечер уживаше во настапот на Таско, Огнен Здравковски, Суперхикс и Том Нови