ЕУ доби барање за помош за трагедијата во Кочани
Инфомацијата ја потврди портпаролот на европската комисија...
Европската Унија доби барање од Македонија за помош при спаравувањето со последиците од страотниот пожар во ноќниот клуб „Пулс“ во Кочани. Ова го потврди портпаролот на европската комисја, а според него повеќе детали за ова се очекуваат во текот на утрешниот ден.
Имено, претходно Европската комисија информираше дека ЕУ е целосно подготвена да и помогне на државава со нејзините механизми за цивилна заштита, доколку државава го побара истото.
Инаку, сочувство до семејствата на загинатите и побрзо закрепнување на повредените упатија Ентонио Кошта, претседател на Европскиот совет, Урсула фон дер Лајен и Роберта Мецлова, претседателки на европската комисија и европскиот параламент, Каја Калас, висока претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Марта Кос и Хаџа Лабиб, еврокомесарки за проширување и еднаквост, подготвеност и кризен менаџмент.
Претходно папата Франциск на бискупот на католичката црква во Македонија Киро Стојанов, му упати телеграма во која вели дека тие се молат за душите на починатите и за брзо зкрепнување на оние настраданите во пожарот.
#Македонија
Коментари
Постави коментар