Стенд-ап комичарот Александар Георгиевски ја насмеа прилепската публика

Стенд-ап настапот на Георгиевски се одржа во кафетеријата Brunch Box Café во Прилеп…

Стенд-ап комичарот Александар Геoргиевски публиката која што беше присутна на неговиот синоќешен стенд-ап настап во кафетеријата Brunch Box Café во Прилеп ја насмеа до солзи со неговите добропознати и признати стед-ап комедии.


Георгиевски вели дека со стенд-ап се занимава две години, а од неговиот почеток во 2023 година до сега имал околу 40 стенд-ап настапи ширум Македонија.

Георгиевски за синоќешниот стенд-ап во Прилеп се надева дека истиот ќе биде убав и хумористичен и ќе ја насмее прилепската публика.


,,Среќен сум што вечерва сум тука заедно со прилепчани. Вечерашнив стенд-ап се надевам дека ќе биди убав и хумористичен и ќе ја насмее прилепската публика. “-вели Георгиевски.


Георгиевски за стенд-апот во Прилеп додава и дека публиката за релативно кратко време ги купила влезниците и покажала голем интерес за неговиот стенд-ап во Прилеп.


,,Публиката за релативно кратко време ги купи сите влезници, а публиката покажа навистина голем интерес. Јас се надевам дека се’ ќе биде во најдобар ред со оглед на клиентелата затоа што, има публика од сите возрасти.”- додава Георгиевски.


Георгиевски во неговата изјави вели и дека  неколку пати стенд-ап настапите ги одржувал во сала, а како што растела неговата стенд-ап кариера Георгиевски вели дека настапите ќе ги одржува во сали од културните куќи.


,,Неколку пати сум бил во сала, а како ќе растам со стенд-ап кариерата сакам да почнам и самостојно да ги полнам салите од културните куќи низ Македонија со оглед на тоа што последниве неколку месеци работам заедно со екипа”-ијавува Георгиевски.


Синоќешниот настап на Георгиевски во Прилеп кај публиката побуди доста хумористична чувстава и смеа, а публиката беше презадоволна од неговиот стенд-ап настап што буквално после настапот Георгиевски доби доста пофални зборови за самиот стенд-ап настап во прилепското кафуле Brunch Box Café.


#Култура

Коментари

Популарни постови са овог блога

Јовчески: Новата прилепска катна гаража се очекува во употреба да се пушти за три недели

Автобускиот градски превоз во Прилеп со изменет возен режим

Времениот режим на сообраќај на патот кој ќе се гради од Прилеп до Битола договорен