Попоски: Мојот талент за музика го откри мојата баба
Прилепскиот музичар и пејач Сергеј Попоски, отворено зборуваше за нашиот портал...
Сергеј Попоски е еден од
најпознатите прилепски пејачи на забавни мелодии, а се прослави по учеството во
македонското музичко натпреварување „Пат до ѕвездите“, но и по учеството на
фестивалот за забвни мелодии „Макфест“ и фестивалот „Охрид Фест“ каде Попоски
ја добива наградата „Долни Сарај“. По тој повод ние направивме и кратко
интервју со Попоски каде поразговаравме за неговите почетоци, неговата песна
„Сите утра“ и учеството на „Макфест“ и „Охрид Фест“
Целтото интервју можете
да го читате во продолжение!
Инфо-Прилеп: Сергеј, како дојде да се
занимаваш со музика?
Сергеј Попоски: Да се занимавам со
музика дојде така што случајно го видовме рекламниот спот на кој беше прикажано
како може да се пријавиш за учество во музичкото натпреварување „Пат до
ѕвездите“ кое што тогаш се емитуваше на телевизија Алфа. Мојата баба беше
притисокот за да јас се пријавам во тоа музичко натпреварување.Тогаш таа ми
рече „Ајде пријави се, мораш да дадеш уште еден напор кон музиката.
Инфо-Прилеп: Какви коментари имаше од
страна на стручното жири и кој се беше во жири на снимањето од „Пат до
ѕвездите“?
Сергеј Попоски: По мојот настап во „Пат
до ѕвездите’’ имаше многу добри коментари од страна на стручното жири, а во
жирито кога се сминаше емисијата беа Роберт Саздов, Дани Димитровска, и ред
други музички ѕвезди од Македонија.
Инфо-Прилеп: Сергеј, велиш дека
твојата баба била „кривецот“ за ти да се занимаваш со музика, дали мислиш дека
твојата баба ти го открила талентот за музика и дали претходно имаш
учевствувано на некои помали музички настапи и хорови тука во Прилеп?
Сергеј Попоски: Приказната за музичкиот
пат започнува на мој пет години. Мојот покоен дедо има завршено два факултети
за музика во Белгард и Скопје во раните години, а после тоа тој е диригент и
прави многу убави настапи во Битола, а кога дојдоа неговите пензионерки денови
се запраша „На кого јас ќе го пренесам музичкото знаење?“ и мене ми рече
„Сергеј доаѓај на клавир!“, а тоа за мене беше нешто трауматско. Околу пет часа
седевме на тој клавир, а доколку нешто згрешам цело време ме „тераше“ од
почеток и така стекнав некое знаење за музиката. Потоа се запишав на хор тука
во градскиот детски хор „Мали Ангели“ , а тогашната наставничка во хорот
Славица, беше огромна инспирација за јас да продолжам напред колку и да беше
тешко, а да пееш навистина не е’ лесно.
Инфо-Прилеп: Како дојде да учествуваш
на фестивалот „Макфест“?
Сергеј Попоски: Роберт Саздов е тој кој
што ме покани да учествувам на „Макфест“, а воедно и да се натпреварувам.
Инфо-Прилеп: Годинава ти настапуваше
и на фестивалот „Охрид Фест “ кој се одржува во охридски Долни Сарај како дојде
да ти учествуваш на „Охрид Фест “?
Сереј Попоски: Моето учество на „Охрид
Фест “ повторно доаѓа по учевството во „Пат до ѕвездите“ бидејќи, Огнен
Неделковски кој беше во жирито на „Пат до ѕвездите’’ потоа тој само ме покани да учевствувам на „Охрид
Фест“. Огнен Неделковски и неговиот син Филип ја пишуваа песната, а мене ми е
огромна чест што песната ја напиша тесктописец кој има напишано над 30 текстови
од песни за Тоше Проески
Инфо-Прилеп: На „Охрид Фест“ ти ја
доби и наградата „Долни Сарај“ кој се беше во жирито и како дојде до тоа да ја
добиеш наградата односно колку гласови доби?
Сергеј Попоски: Колку гласови добив не
се знае, но сите знаеме кој колку има со тоа што се гледаше реакцијата на
публиката. Се гледаше кој колку аплаудира, а во жирито не се сеќавам кој беше.
Инфо-Прилеп: Дали ти се гледаш како
претсавник од Македонија на Беовизија или на Евровизија со оглед на тоа што си
на почетокот од музчка кариера?
Сергеј Попоски: Жално е тоа што многу
артиси и пејачи што сакаат да се провнат и да придонесат нешто за нашава земја
и истото да биде ново и свежо не се прифаќа. Во ред е да ставиш и црн лак за
нокти или некое парче на женска гардероба кое се вклопува во машка гардероба,
но кога ќе излезиш на сцена да „ратуриш“ и со изглед и со се. За Евровизија
имав многу голема желба, а секој кој сум го прашал ми велел „Државата нема да
ти дозволи
Инфо-Прилеп: Кажи ни нешто повеќе за
песната на која што си изведувач под
наслов „Сите утра’’ односно кој е текстописец, од кого беше аранжманот и кој ја
напиша музиката за истата?
Сергеј Попоски: Текстот, аранжманот и музиката
се на Ефтимија, а песната е посветена на нејзиниот покоен татко и како тој цело
време и недостига односно и недостига неговото присуство. Еднаш имавме
телефонски разговор со неа и таа ми рече дека песната и е многу посебна и не ја
дава толку лесно да се обаботни. Ефтимија во тој телефонски разговор ми рече
„Верувам во тебе, а што и да правиш со песната прави го паметно’’, а јас мислам
дека успеав да го направам очекуваното и со стил и со емоција.
Инфо-Прилеп: Со оглед на тоа дека си
музичар и се занимаваш со пеење дали во Македонија недостигаат радио станици
кои што во својата музичка прогарама ќе емитуваат и промовираат нови песни, а
ќе емитуваат и постари музички хитови?
Сергеј Попоски: Дефинитивно недостигаат
не само радио станици туку и музички телевизии кои ќе емитуваат и промовираат
нови мелодии. Малку и нас барем постоечките радио станици и телевизии треба да
не промовираат затоа што, неможеш само месец или два да ја пуштиш и вртиш
песната во програма односно тоа не треба да биде сезонски туку треба да биде
„неограничено“.
Инфо-Прилеп: За крај што би им
порачал на нашите читатели?
Сергеј Попоски: Да бидат среќни и да се држат цврсто до нивните животни желби и цели, а на вас новинарите ќе ви посакам успеси и среќа и ви благодарам што постоите и што барем вие преку интернет поратлите малку од малку не промовирате.
Екипата на ИНФО-ПРИЛЕП на Сергеј Попоски му посакува многу здравје, среќа,љубов, мир и успеси и на приватен и на професионален план, а на вас драги читатели ви посакуваме убав ден и убаво расположение со песната на Попоски под наслов „Сите Утра“.
#Eстрада
Забрането копирање и преземање на текстот без претходно одобрение од Инфо-Прилеп и гостинот кој бил интервјуиран.


Коментари
Постави коментар