Претседателката Сиљановска-Давкова се обрати до граѓаните

Обраќањето беше од вила Водно...

Претседатеката на Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова пред околу половина час се обрати до македонските граѓани, а обраќањето таа го направи од вила Водно. 

Сиљановска-Давкова вели дека не сме сами и дека никогаш нема да се заборави добродетелскиот чин на соседните држави и државите од Европа.

„Знам и чувствувам дека не сме сами бидејќи, веднаш се огласија не само соседните, туку и подалечните држави. Најтешко повредените се транспортираат на специјализираните клиники во Бугарија, Србија, Грција и Турција, заради добивање на врна медицинска нега и интервенција. Добрите луѓе од целиот регион, Европа и светот се’ заедно со нас. Никогаш нема да го заборавиме овој добродетелски чин, и вечно ќе им бидеме благодарни.“-вели Сиљановска-Давкова.

Сиљановска-Давкова во говорот додава и дека ниту еден одговорен не смее да го избегне правото, правдата и казната.

„Почитуавни граѓани не смее да функционира ниту една дејност и активност. Ниту еден одговорен не смее да ги избегне правото, правдата и казната. Да не ја сквернавиме невината жртва на погинатите. Да ги здружиме силите околу преживеаните и да не дозволиме никој повеќе да ги загрозува животите на невините луѓе.“-додава Силановска-Давкова.


#Македонија

Коментари

Популарни постови са овог блога

Јовчески: Новата прилепска катна гаража се очекува во употреба да се пушти за три недели

Автобускиот градски превоз во Прилеп со изменет возен режим

(Видео) Публиката на втората фестивалска вечер уживаше во настапот на Таско, Огнен Здравковски, Суперхикс и Том Нови