Времето за време на викендот сончево и топло

Според податоците од УХМР времето ќе биде...

Според податоците од УХМР времето денеска беше сончево со слаб до умерен ветер од северен правец. Дневниот температурен максимум се движеше во интервалот од најниски -4 до највисоки 21 степени целзиусови.

Според податоците од УХМР во текот на утрешниот ден ќе биде сончево со умерена облачност, а ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Дневниот температурен максимум ќе се движи во интервалот од најниски -1 до највисоки 18 степени целзиусови.

Временска прогноза за 23.03.2025 година (недела)

Според податоците од УХМР на вторниот ден од викендот односно во недела не очекува променливо облачно, и наместа со повремен дожд, а ќе дува умерен до засилен јужен ветер. Дневниот температурен максимум ќе се движи во интервалот од најниски 0 до највисоки 20 степени целзиусови.

Временска прогноза за 24.03.2025 година (понеделник)
Според податоците од УХМР на првиот ден од новата работна недела односно во понеделник не очекува променливо облачно, наместа ќе има повремен дожд. Локално врнежите ќе бидат поројни, а ќе дува умерен до засилен ветер кои претежно ќе биде од јужен правец. Дневниот температурен максимум ќе се движи во интервалот од најниски 3 до највисоки 22 степени целзиусови.

Временска прогноза за 25.03.2025 година (вторник)

Според податоците од УХМР во вторник не очекува променливо облачно, а наместа ќе има и повремен дожд. Локално врнежите ќе имаат пороен карактер, а ќе дува и умерен до засилен ветер од јужен правец. Дневниот температурен максимум ќе се движи во интервалот од најниски 4 до највиоски 20 степени целзиусови.

Временска најава

Утре ќе има зголемена облачност и ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Од недела следува период на променливо облачно и релативно топло време со повремени врнежи од дожд. Локално врнежите ќе имаат пороен карактер. Особено поинтензивни процеси се очекуваат во текот на следната седмица кога наместа ќе наврне поголема количина на дожд со над 20л/м2. Ќе дува умерен до засилен, а повремено силен јужен ветер кои ќе достигне брзина и над 60 км/ч.


Извор на информации: УХМР

#Сервисни информации

Коментари

Популарни постови са овог блога

Јовчески: Новата прилепска катна гаража се очекува во употреба да се пушти за три недели

Автобускиот градски превоз во Прилеп со изменет возен режим

(Видео) Публиката на втората фестивалска вечер уживаше во настапот на Таско, Огнен Здравковски, Суперхикс и Том Нови