Владата на Македонија прогласи седумдневна жалост
Владата на Македонија прогласи седумдневна жалост...
Владата на Република Македонија попладневно на вонредна седница ја донесе одлуката за прогласување на седум дневна жалост поради старотната трагедија во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Знамињата во целата држава веќе се на половина копје.
Претседателката на Македонија, Сиљановска-Давкова вели дека сите одговорни не смеат да ги избегнат правото, правдата и казната, а додека пак , премиерот и претседател на Владата, Христијан Мицкоски повика на морална одговорност за сите случувања, а притоа рече и дека доколку е потребно тој самиот ќе ја сносел таа морална одговорност.
За потсетување во дискотеката „Пулс“ во Кочани непосредно пред избувнувањето на пожарот музички настап имале членовите од групата ДНК каде што тие заедно со публиката во еден глас ја пееле последната песна за тој настап „Кажи ми како без тебе да бидам“ незнаејќи дека тоа ќе биде последна отепана песна и последен заеднички настап на членовите од групата.
#Макдонија
Коментари
Постави коментар