Kaрневалската маска „Танц на ангелите“ е прогласена за најдобра маска на карневалот „Прочка 2025“ во Прилеп

 Карневалот „Прочка“ како и секоја година така и годинава има награден карактер...

Денеска по 23 пат на плоштадот „Методија Андонов-Ченто“ во центарот на Прилеп се одржа карневалот „Прочка 2025“. На карневалот имаше околу 600 учесници кои беа поделени во 30 групни и поединечни точки кои зедоа учество на карневалот.

Карневалот како и изминативе години така и оваа година имаше награден фонд, а за најдобра маска на овогодишното издание е прогласена маската „Танц на ангелите“ со која учествуваа ученици од ООУ„Кочо Рацин“-Прилеп.

Покрај „Танц на ангелите“ од жири комисијата прво место беше доделено за маската „Принцови и принцези“ од ООУ „Кочо Рацин“-Прилеп, а всушност ова прилепско основно училиште учествуваше со две карневалски маски зашто, има две подрачни училишта.Во ООУ„Кочо Рацин“ во прилепската населба Рид се одржува одделенска настава од прво до петто одделение, а во ООУ„Кочо Рацин“ во центарот на Прилеп се изведува и одделенска и предметна настава за ученици од прво до деветто одделение.

Второто место жири комисијата го додели на маската „Вили Винка и фабрика за чоколада“ маска од ООУ„Добре Јованоски“-Прилеп.

На овогодишното издание на прилепскиот карневал „Прочка“ жири комисијата третото место го додели на маската „Времеплов“ од ООУ„Климент Охридски“-Прилеп.

Награда за поединечна маска и беше доделена на Мила Спиркоска, ученичка во ООУ„Климент Охридски“-Прилеп. Маската на Спиркоска се вика „Кити Брди“.

Наградата за традиционална маска му припадна на Јаничарите од селото Врбјани во Општина Кривогаштани, а наградата за посебен придонес им припадна на оние најмлади учесници на карневалот „Прочка 2025“, децата од Детската Градинка „Наша Иднина“-Прилеп кој учевствуваа со маската „Штрумфови“.

Од Општина Прилеп на сите учесници и сите оние кои беа вклучени во подготовките на карневалските маски им ја честитаат Прочка и им посакуваат здравје, среќа и радост, а за 2026 година упатуваат апел за уште поголем број на учесници на овој познат прилепски каревал „Прочка“.

 

#Локално

Коментари

Популарни постови са овог блога

Ученици од здравствената струка при СОУ„Ѓорче Петров“-Прилеп мереа шеќер во крвта, крвен притисок и витаминско-минерален статус (фото)

Реновирале стан и целиот отпад го оставиле во парк во Прилеп

Лишени 12 лица од слобода во Прилеп