Одбележан патрониот празник на СОУ„Ѓорче Петров“-Прилеп

Денес се одбележа патрониот празник на СОУ„Ѓорче Петров“-Прилеп...

Денес, со положување свежо цвеќе пред споменикот на Ѓорче Петров во центарот на Прилеп започнаа чествувањата по повод патрониот празникна СОУ„Ѓорче Петров“-Прилеп. Делегации од училиштетот и од Општина Прилеп положија свежо цвеќе пред споменикот на Ѓорче Петров во центароот на Прилеп и пред спомен-плочата пред родната куќа на Ѓорче Петров во Варош.

Централното одбележување се одржа во просториите на училиштето каде што беше откриен муралот на Ѓорче Петров којшто во текот на изминатите денови го изработија ученички со професорките по ликовна уметност во училиштето. Делегации од училиштето положија свежо цвеќе и пред муралот во училишниот двор, а потоа манифестацијата продолжи во холот на училиштето каде што дирекорката на училиштето Жанета Видевска одржа краток говор пред присутните, а Ирена Јорданоска, професорка по историја во училиштето читаше реферат за животот и делото на Ѓорче Петров.

Директорката на училштето Жанета Видевска потенцира дека оваа година се навршуваат 160 години од раѓањето на Ѓорче Петров.

„Денес славиме 160 години од раѓањето на Ѓорче Петров, идеологот на македонската револуционерна организација и патрон на нашето училиште. По тој повод неколку ученици заедно со професорките по ликовна уметност нацртаа  мурал на Ѓорче Петров. Оваа година ние не организиравме свечена академија и не подготвивме точки со кои ќе се претстават нашите ученици“- рече Видевска.

Таа додаде и дека ликот и делото на Ѓорче Петров се многу големи и заслужуваат да бидат одбележани достоинствено  и со почит.

На одбележувањето на патрониот празник во холот на СОУ„Ѓорче Петров“-Прилеп присутни беа сите вработени во училиштето, директори од сите основни и средни училишта од Општина Прилеп, претставници од Општина Прилеп, членови на Советот на Општина Прилеп и претставници на Сојузот на борци и граѓани продолжувачи.

Ѓорче Петров  е роден на 2 април 1865 година во прилепското село Варош. Бил македонски професр, публицист, историчар и идеолог на Македонската револуционерна организација.

Се школувал во Прилеп, Битола , Пловдив и Солун , а по школувањето тој бил учител во Штип и Скопје, но бил и професор во Битола. Ѓорче Петров соработувал со Теодосиј Гологанов и ја поддржал неговата идеја за возобновување на Охридската архиепископија.

Основал повеќе револуционерни групи и кружоци, учевствувал на Солунскиот конгрес и бил еден од основачите на Уставот и на правилникот на ТМОРО . Ѓорче Петров ја објавил книгата Материјали по изучувањето на Македонија, а бил уредник на списанието Културно единство.

За време на Балканските војни и Првата светска војна бил на служба во Битола, Сер и Драма, а бил и член на Првото претставништо на бившата ВМРО.

Ѓорче Петров бил убиен на 28 јуни 1921 година пред неговиот дом во Софија, Република Бугарија.


Фото: Fun Production by Zoran

#Локално

Коментари

Популарни постови са овог блога

Јовчески: Новата прилепска катна гаража се очекува во употреба да се пушти за три недели

Автобускиот градски превоз во Прилеп со изменет возен режим

(Видео) Публиката на втората фестивалска вечер уживаше во настапот на Таско, Огнен Здравковски, Суперхикс и Том Нови