Црковните храмови претесни да ги соберат верниците за дочекот на Воскресението Христово

Христос Воскресе! Навистина Воскресе!

Стотици, а може и илјадници верници од Прилеп и неговата околина синоќа се собраа во  православните храмови за да го прослават еден од најголемите христијански празници Воскресението Христово-Велигден. Со запални свеќа, молитва и радост верниците ја дочекаа веста за Воскресението Христово точно на полноќ.

Имено, црквите „Св. Благовештение“ (стара црква), „Св. Кирил и Методиј“ (параклис) и „Св. Петка“ (точила) беа преполни со верници, а имаше и верници кои остнаа надвор од храмовите и нивните дворови, со што од подалеку односно од улиците и булеварите ја следеа празничната литургија која што беше со почеток од 23:30 часот. Точно на полноќ по добропознатиот и признат поздрав „Христос воскресе“ и „Навистина воскресе’’ се огласија црковните камбани со што симоболично го највија почетокот на празничната велигденска радост.

Свештените лица кој ја предводеа литургија упатија пораки и честитки за мир, слога, љубов, почит како и духовно простување и обединување со што тие потсетија на суштината на самиот празник т.е потсетија на победата на животот над смртта и доброто над злото.

Инаку, овогодинашниот Велигден како и изминатите велигденски празници ги обедини граѓаните во заедничка молитва и вера, со што тие донесоа надеж за подобро утре.

Верниците по литургијата и веста за Воскресението Христово-Велигден се упатија кон своите домови, каде што продолжуваат традиционланите велигденски одбележување со традиционалните обичаи кои во Прилеп се доста интересни, а посебно е интересно собиро-дарувањето на фарбаните јајца помеѓу роднините и членовите на потесното семејство.

 

#Локално

Коментари

Популарни постови са овог блога

Ученици од здравствената струка при СОУ„Ѓорче Петров“-Прилеп мереа шеќер во крвта, крвен притисок и витаминско-минерален статус (фото)

Реновирале стан и целиот отпад го оставиле во парк во Прилеп

Лишени 12 лица од слобода во Прилеп