Министерот за земјоделство Цветан Трипуновски во работна посета на Прилеп

 Министерот Трипуновски ги посети прилепските тутунопроизводители...

Министерот за земјоделство, шумрство и водостопанство Цветан Трипуновски денеска беше во работна посета на Прилеп, каде што се сретна со тутнопроизводителите, а повод беше завршната реколта и подготовките за реколта за 2025 година.

Трипуновски во изјавата за медиуми вели дека во текот на вчерашниот ден биле исплатени субвенциите во висина од 40.000.000 евра за реколта 2024 година.

„Во текот на вчерашниот ден беа исплатени субвенциите за реколта 2024 година. Станува збор за околу 40.000.000 евра кои беа исплатени на банкарските сметки на приближно 14.500 тутнопроизводители низ цела Македонија. Оваа е рекордна исплата на субвенции по произведен килограм на тутун’’-вели Трипуновски.

Трипуновски додава и дека годинашната целокупна реколта на тутун изнесува 24.000.000 килограми тутун што било значително зголемување во однос на минатата година, а според Трипуновски од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство го ценеле трудот на земјоделците од Македонија.

„Годинашната реколта за тутун изнесува некаде околу 24.000.000 килограми тутун, што претставува значително зголемување за разлика од минатата година. Го цениме трудот на македонските земјоделци, а субвенциите ќе продолжат да се’ исплаќаат редовно“-додава Трупуновски.

Цветан Џамбазовски, тутнопроизводител од Прилеп вели дека е задоволен од овогодишната откупна цена на тутнот, но скапијата и понатаму си го прави своето.

„Минатата година со фамилијата имавме насадено околу 25 декари, а приносот беше приближно пет тони тутун, и за наредната година планираме да биде исто така. Очекуваме поголем принос, а годинава сум задоволен од откупната цена на тутунот, но сепак скапијата си го прави своето“вели Џамбазовски.

Инаку, според Џамбазовски се водело сметка за земјоделието за да се излезе на некој крај и со финаниите од откупната цена на тутнот односно со субвенциите за тутнопроизводителите можело да се опстојува и живее.


#Локално

Коментари

Популарни постови са овог блога

Јовчески: Новата прилепска катна гаража се очекува во употреба да се пушти за три недели

Автобускиот градски превоз во Прилеп со изменет возен режим

(Видео) Публиката на втората фестивалска вечер уживаше во настапот на Таско, Огнен Здравковски, Суперхикс и Том Нови