Mуцунски се сретна со американскиот државен секретар Марко Рубио

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска се сретна со американскиот државен секретар Марко Рубио...

Актуелните прашања од заеднички интерес за Скопје и Вашингтон и соработката меѓу двете земји, како на билатерално ниво, така и во рамките на НАТО, беа теми на денешната средба на министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски со американскиот државен секретар Марко Рубио на маргините на состанокот на шефовите на дипломатиите на земјите членки на Алијансата во Брисел.

Во објава на социјалните мрежи, министерот Муцунски наведе дека имал „кратка, но многу продуктивна средба“ со Рубио, која е прва од неодамнешното именување на американскиот државен секретар на функцијата.

Се согласивме за важноста од натамошно интензивирање на политичкиот дијалог на високо ниво. Следуваат многу заеднички иницијативи“-пишува во објавата на Муцински на социјалните мрежи.

Инаку, Муцунски денеска и утре учествува на министерскиот состанок на НАТО во Брисел на кој главни теми се приоритетните безбедносни предизвици, поддршката и перспективите за Украина, зајакнувањето на партнерствата и одбранбените капацитети и подготовките за јунскиот Самит на НАТО во Хаг.


Изор на информации: Радио Лидер

#Македонија

Коментари

Популарни постови са овог блога

Видевска: Задоволна сум од уписот на ученици во СОУ„Ѓорче Петров“-Прилеп

Од „Пушти коси“ до „ И тебе сам сит кафано“ синоќа на Пиво фестивалот во Прилеп

Прилеп со 8 милиони евра ќе инвеститра нови развојни програми