Одржан годишниот настан на Здружението за развој и едукација на деца ADEY

Настанот се одржа во Градската библиотека „Борка Талески“-Прилеп...

Во просториите од Градската библиотека „Борка Талески“-Прилеп се одржа годишниот настан во организација на Здружението за развој и едукација на деца ADEY.

На настанот присустувуваа голем број на ученици кои беа групни натпреварувачи како и нивни ментори, а истите беа од основните училишта во Прилеп и неговата околина. Настанот како и минатата така и оваа година имаше натпреваручки каратер, а гласовите и поените беа разгледани и дадени од страна на стручното жири кое оваа година беше во состав на Жанета Видевска, Столе Ѓорѓиоски и Христина Петкоска-Димеска.

Михаил Ангелески претседател на Здружението за развој и едукација на деца ADEY вели дека подготовките за настанот траеле една учебна година и дека работеле со учесниците односно со деветтооделенците.

„Подготовките за денешниов настан траеа една учебна година, затоа што работевме со учесниците на натпреварот т.е со деветтоодделенците. Ни требаше цела учебна година за да се искординираме, да ги смислат идеите, да ги остварат нивните пич презентации за да на крајниот настан го имплеметираме сето ова.“-вели Ангелески.

Ангелески додава и дека натпреварот имаше девет групи на финалисти кои се претсавиле со соодветна презентација пред стручната комисија.

„Натпреварот имаше девет групи на финалисти кои се претставија со соодветни идеи и соодветна презентација пред стручната комисија“-додава Ангелески и според него и покрај затворените објекти поради неисплнување на минималните технички услови за работа од здружението нашле и обезбедиле сигурен и безбеден простор за одржување на настанот.

 „Со оглед на тоа дека најголем дел од објектите беа затворени заради несиполнување на минимални технички услови за работа, и покрај сите тешкотии најдовме и успеавме да обезбедиме сигурен и безбеден простор во кои што ќе можеме сигурно и безбедно да ги извршуваме нашите проектни активности односно да го одржуваме големиот настан кои го координиравме цела година. Навистина ни беше најважно да обезбедиме простор во кој ќе можеме сите безбедно и без никакви пречки да го извршиме она што сме го планирале и на крај успешно да го завршиме нашиот настан“-вели Ангелески.

Имено, првата награда му припадна на тимот ORCHID CUP, втората награда му припадна на тимот TRUEVIEW и третата награда му припадна на innovEMM.

Инаку, Здружението за развој и едукација на деца ADEY постои и активно работи од месец февруари 2023 година.


#Локално

Коментари

Популарни постови са овог блога

Јовчески: Новата прилепска катна гаража се очекува во употреба да се пушти за три недели

Автобускиот градски превоз во Прилеп со изменет возен режим

(Видео) Публиката на втората фестивалска вечер уживаше во настапот на Таско, Огнен Здравковски, Суперхикс и Том Нови