Отворена изложбата „Моден дизајн“ во СОУ„Ѓорче Петров“-Прилеп

На изложбата имаше нешто повеќе од 280 цртежи...

Со нешто повеќе од 280 цртежи со моден дизајн денеска во 13 часот беше отворена изложбата „Моден дизајн“ во СОУ„Ѓорче Петров“-Прилеп.

Цртежите што беа изложени беа изработени од вредните раце на учениците од текстилната струка од ова прилепско средно училиште, а учениците беа под менторство на професор Јулијана Поповска.

Јулијана Поповска, професор и ментор на изложбата вели дека изложбата ја подготвиле со цел промоција на текстилната струка и промоција на талентот на учениците.

„Изложбата „Моден дизајн“ ја подготвивме со цел да направиме промоција на нашата струка, а исто така да ги промовираме нашите талентирани ученици, нивната способност и креативност. Оваа изложба претставува спој на современото и модерното, на инспирацијата, техниката, замислата и иднината“-вели Поповска.

Поповска додава и дека во креирањето на облеката првиот чекор е линијата, а според Поповска бојата на облеката всушност е емоцијата на дизајнерот додека ја дизајнирал облеката.

„Во креирањето на облеката првиот чекор е модната скица каде што линијата претставува визија, а бојата претставува емоција на дизајнерот кој што сака да ја претстави својата визија за модниот дизајн“-додава Поповска.

Отворањето на изложбата беше проследено од голем број љубители на модниот дизајн, а истите ги поздрави и директорката на СОУ„Ѓорче Петров“-Прилеп, Жанета Видевска.

Видевска во изјавата за медиумите вели дека целта на изложбата е да се разбијат стереотипите дека учениците кој учат во оваа струка ќе работат во конфекции како шивачки, а тоа е токму она што го прави интересот за оваа стука мал.

„Учениците од текстилно-кожарската струка со нивната професорка Јулијана Поповска, која што е нивни ментор направија изложба на модни илустрации. Целта на овој настан е да се каже нешто повеќе за текстилно-кожарската струка, да се разбијат стереотипите дека учениците кој што учат во оваа струка ќе работат во конфекции како шивачки, а тоа е токму она што го прави интересот за оваа струка мал со оглед на тоа што сфаќањата се дека ќе работат во конфекции каде што финансиските примања се навистина мали“-вели Видевска.

Видевска во изјавата за медиуми додава дека она што го покажуваат со денешната изложба е тоа дека учениците треба да почнат од цртежите и дека текстилно-кожарската струка е струка за модно дизајнирање.

„Она што го покажуваме со оваа изложба е тоа дека учениците треба да почнат токму од илустрациите т.е од цртежите и дека оваа струка е за модно дизајнирање.“додава Видевска.

На изложбата присутна беше и Ирина Тошева која што е моден дизајнер, а за медиумите таа вели дека со нејзинита 13 годишна работа ги мотивира младите ученици да станат модни дизајнери и им укажува на тоа дека текстилно-кожарската струка е перспективна и дека со истата има многубројни можности.

„Со мојата работа во изминативе 13 години се трудам да ги мотивирам младите со тоа што би станале мои колеги и колешки, да им покажам дека оваа струка е перспективна, дека има многу можности и дека бара многу труд и посветеност како и многу работа. Стручните училишта се тука да поттикнуваат креативност која што за жал во нивните наставни програми не е многу застапена, а со изложбата може да се види дека креативноста на учениците е на навистина големо ниво“-вели Тошева.

На денешната изложба во СОУ„Ѓорче Петров“-Прилеп од страна на директорката Жанета Видевска, беа доделени пофалници за сите учесници на изложбата, а изложбата за отворена ја прогласи професорката Јулијана Поповска.


#Локално


Коментари

Популарни постови са овог блога

Ученици од здравствената струка при СОУ„Ѓорче Петров“-Прилеп мереа шеќер во крвта, крвен притисок и витаминско-минерален статус (фото)

Реновирале стан и целиот отпад го оставиле во парк во Прилеп

Лишени 12 лица од слобода во Прилеп