Пуштена во употреба новата детска градинка „Бајка“ во Прилеп

 Градинаката „Бајка“ се наоѓа во прилепската населба Точила...

По повеќе од 30 години Прилеп доби нова детска градинка. Денеска во употреба беше пуштена новата детска градинка „Бајка“ во Прилеп.

На свеченото пуштање во употреба на градинката помеѓу присутните беа пратеници, градоначалници, советници, родители, а беше присутен и заменик министерот за Социјална политика, демиграфија и млади Ѓоко Велковски.

Прилепскиот градоначалник Борче Јовчески, за медиумите вели дека новата детска градинка „Бајка“ во Прилеп е со капацитет за згрижување за над 200 дечиња и дека со пушатњето во употреба на градинката се ставил крајот на деценискиот проблем со листите на чекање и обезбедување на топол, безбеден и стимулативен простор за најлмадите.

„Со посбна гордост денеска ја отвораме новата детска градинка „Бајка“ сместена во урбаното јадро на населбата Точила. Градинката е современ и функционален објект кој е дел од Јавната општинска установа „Детски градинки-Наша Иднина“.Овој капитален проект е со капацитет за над 200 дечиња, а тој е од непроценливо значење за младите семејства од нашиот град. Со неговото пуштање во употреба, конечно ставаме крај на деценискиот проблем со листите на чекање и обезбедување на  топол, безбеден и стимулирачки простор за најмалдите.“-вели Јовчески.

Јовчески, додава и дека отворањето на детската градинка „Бајка“ е дел од пошироката стратегија за развој на детската заштита, образованието и квалитетот на животот во Прилеп, а во периодот кој следи граѓаните ќе виделе нова градежна офанзива, нови инвестиции, подобра инфраструктура и поголема грижа за сите генерации.

„Отворањето на „Бајка“ е само дел од пошироката стратегија за развој на детската заштита, образованието и квалитетот на животот во Прилеп. Во периодот што следи, граѓаните ќе видат нова градежна офанзива-нови капитални проекти, нови инвестиции, подобра инфраструктура и поголема грижа за сите генерации“-додава Јовчески и најави изградба на нова детска градинка во населбата Рид.

Ѓоко Велковски, заменик министер за Социјална политика, демографија и млади вели дека Минстерството за Социјална политика, демографија и млади учевствувало во набавката на опрема која што беше аплицирана  од страна на Општина Прилеп, а спорд Велковски тој се надева дека бројот на листата на чекање до следниот градоначалнички мандат во Прилеп ќе биде нула.

„Министерството за Социјална политика, демографија и млади учевствуваше во набавката на опрема, која што беше аплицирана од страна на општината со сума од околу 9.000.000 денари. Стоме на располагање и понатаму како министерството, во делот на опремување на градинките. Бројката на листата на чекање во Општина Прилеп, до следниот градоначалнички мандат во Прилеп да биде нула. –вели Велковски.

Велковски додава и дека имале 11 апликации кој што несомнено ќе биле прифатени, а сето тоа со цел намалување на бројот на листите на чекање во сите оптини.

„Со самата соработка која што ја имаме ние како министертсвото со сите општини од Македонија, а со тоа и проекти со кој ќе аплицираат независно дали тоа беше од оние повици во 2024 година. Имаме дополнителни седум нови апликации и четири стари со што тоа се 11 апликации кој што несомнено сите ќе бидат прифатени, а дел се веќе во реализација. Сето тоа со намера да се намали бројот на листите на чекање во сите општини.“-додава Велковски.

Изјава за медиумите даде и Христина Трпческа, директорка на Јавната Опшинска Установа Детски Градинки „Наша Иднина“-Прилеп која вели дека објектот има капацитет за згрижување на 210 деца, а за почеток тие  ќе згрижеле 140 деца, а после летните одмори објектот ќе работел со полн капацитет.

„Објектот „Бајка“ е проктиран со капацитет за згрижување до 218 деца. Има една јаслинска група и 10 групи за деца на возраст од две до шест години. За почеток ќе згрижиме околу 140 деца и ќе ја намалиме листата на чекање, а после летните одмори планираме овој објект да работи со полн капацитет. “-вели Трпеска.

Трпческа додава и дека минатата година од Министертсвото за Социјална политика, демографија и млади дале согласности за вработување меѓутоа, тој процес одел малку подолго, а на крајот од месец март тие скучиле договори со лицата кој што ќе работат во новиот објект, а бројот на истите е 25 лица.

„Минатата година Министерството за Социјална политика, демографија и млади  даде согласности за вработување. Процесот одеше малку подолго, а на крајот од месец март веќе склучивме договори со лицата кој ќе работат во овој објект. Со огласите вработивме 25 лица.“-додава Трпческа.

На крајот за присутните следуваше мала приредба на која што дечињата од новата детска градинка „Бајка“ се претсавија со неколку музички точки.


#Локално

Коментари

Популарни постови са овог блога

Јовчески: Новата прилепска катна гаража се очекува во употреба да се пушти за три недели

Автобускиот градски превоз во Прилеп со изменет возен режим

(Видео) Публиката на втората фестивалска вечер уживаше во настапот на Таско, Огнен Здравковски, Суперхикс и Том Нови