Можна е креативна дипломатија во Виена

Претседателката на Македонија Сиљановска-Давкова смета дека Австрија во моментов е подготвена за разговори за изнаоѓање на креативно решение со Буагрија...

Претседателката на Македонија Гордана Сиљановска-Давкова во неделното интервју за Радио Слободна Европа вели дека Австрија е подготвена за разговори за изнаоѓање на креативно решение со Бугарија.

„Австрија е подготвена да разговараме за изнаоѓање на креативно решение со Бугарија. Сметам дека во мометов најважното за Европската Унија е спроведувањето на политиката на проширување“-вели Сиљановска-Давкова.

Имено, на новинарското прашање дали сме поблиску или, пак, подалеку од почетокот на преговорите за членство со Европската Унија, Сиљановска-Давкова вели дека  ако каже дека сме поблиску или подалеку од челнството во унијата тоа немало да биде вистински одговор.

„Ако кажам дека сме поблиску или подалеку тоа не е вистински одговор, бидејќи понекогаш близината или далечината е многу релативна, затоа што не значи дека ако ние почнеме преговори дека тоа навистина ќе значи исчекор“-додава Сиљановска-Давкова.


#Македонија

Коментари

Популарни постови са овог блога

Видевска: Задоволна сум од уписот на ученици во СОУ„Ѓорче Петров“-Прилеп

Од „Пушти коси“ до „ И тебе сам сит кафано“ синоќа на Пиво фестивалот во Прилеп

Прилеп со 8 милиони евра ќе инвеститра нови развојни програми