Отворени вратите за деветоодделенците во СОУ„Ѓорче Петров“-Прилеп
Денес во СОУ„Ѓорче Петров“-Прилеп се одржа отворен ден на училиштето...
Во СОУ„Ѓорче Петров“-Прилеп денес се одржа отворениот ден на кој полуматурантите од нашиот град имаа можност повеќе да се запознаат со образовните профили и струките кои се изучуваат во училиштето.
Наташа Најдоска професор по стручни предмети во медицинската струка ги повика деветоодделенците да се запишат во ова училиште затоа што училиштето е средно стручно, а по завршувањето на четврта година тие се оспособени да работат во реални компании.
„Ги повикаувам учениците односно деветтодделенците од нашиот град да се запишат во нашето училиште заради тоа што нашето училиште е средно стручно. По завршувањето на четврта година тие се оспосебени да работат во реални компании“-вели Најдоска.
Никифор Велкоски професор во секторот Лични Услуги вели дека дека овој сектор се состои од две струки, а учениците кои ќе се запишат во тие струки ќе се стекнат со компетентни знаења и вештини кои ќе можат да ги искористат во понатамошното работење.
„Секторот Лични Услуги е составен од две струки Техничар за козметичка нега и убавина и фризер. Техничар за козметичја нега и убавина е со четиригодишно траење,за запишување потребни се минимум 45 поени. Фризер е со тригодишно траење, а за запишување се потребни минимум 30 поени. Учениците кои ќе се запишат во овие профили ќе се стекнат со компетентни знаења и вештини кои ќе можат да ги искористат во понатамошното работење.“-вели Велкоски.
Даниела Јорданоска професор по стручни предмети во медицинската струка вели дека предметот здравствена нега се состои од теоретски дел и практична настава. По истоимениот предмет се врши комплетна обука на учениците како еден вид на припрема за практичната работа по здравствените установи.
„Во моментов се наоѓаме во кабинетот за здравствена нега, а овој предмет се состои од здравствена нега и практична настава. Во мометов во вој кабинет се одвива практичната настава по истоимениот предмет. Се врши комплетна обука на учениците како и еден вид припрема за онаа вистинска практична настава која што треба да продолжи во трета и четврта година во здравствена установа.“-вели Јорданоска.
За упис во здравстевената струка се потребни мимимум 70 поени.
Наташа Мирческа професор по стручни предмети во Текстилно-кожарската струка вели дека оваа струка е многу креативна и треба да се разбијат стереотипите за она дека оваа струка прави модни цртежи и модни ревии, а мотивот е големата креативност и правење на модели.
„Текстилно-кожарската струка е многу креативна и да ги разбиеме стереотипите за она дека струката прави модни цртежи и ревии, а за дојдеме до тоа мотивот е големата креативност и правење на модели.“-вели Мирческа.
За упис во Текстилно-кожарската струка се потребни мимимум 45 поени.
Мартин Петрески, професор по стручни предмети во Геолошко-рударската струка вели дека оваа струка нуди можност за брзо вработување во компаниите каде учениците ја изведуваат практичната настава.
„Нашата струка нуди еден образовен профил геолошко-рударски техничар. Зошто учениците да се запишат во оваа струка? Затоа што нуди брзо вработување, паралелката е дуална и се нуди стипендија, а по завршувањето на четрвта година учениците имаат можност брзо да се вработат во компаниите каде што одржуваме практична настава.“-вели Петрески.
За упис во оваа струка се потребни минимум 45 поени.
Наталија Матраковска професор по стручни предмети во шумарско-дрвопреработувачката струка вели дека струката е добра за учениците затоа што нуди многу можности за понатамошна работа, а според Матраковска се изучувале материјалите и машините со кои се врши обработката на дрвото, а исто така тие изучувале планирање на простор, организација и решение на повеќе видови на простори за внатрешно уредување.
„Оваа струка е добра за вас затоа што нуди многу можности за понатамошна работа, а изучуваме обработка на дрво исто така мебел и ентериер. Се изучуваат материјалите, машините со кои што се обработува мебелот. Исто така, изучуваме планирање на простор, организација и решение на повеќе видови на простори за внатрешно уредување.“-вели Матраковска.
За упис во оваа струка се потребни минимум 45 поени
Жанета Видевска, директорка на СОУ„Ѓорче Петров“-Прилеп вели дека училиштето има добри ресурси и добро опремени училници, кабинети за изведба на практичната настава како и наставен кадар кој е целосно посветен на воспитно-образовната дејност во училиштето.
„Ние пред учениците од деветто одделение од основите училишта од Општина Прилеп ги претставуваме нашите струки и профили. Зошто е добро учениците да се запишат во ова училиште? Затоа што училиштето има добри ресурси. Во секоја училница има телевизор, ЛЦДЕ проектор, смарт табла, спортската сала ни е добро опремена, улилишната библиотека е богата со книжен фонд, имаме кариерен центар, имаме опремени кабинети за сите струки, кабинет по информатика, фризерски салон, козметички салон, текстилна работилница, лабораторија, салон за физикална терапија. Имаме наставен кадар кој што е целосно посветен на воспитно-образовната дејност во училиштето.“-вели Видевска.
Видевска додава дека учениците покрај наставните активности можат да учевствуваат и во вон наставни активнности како што се драмската секција, музичката секција и музичкиот бенд во ова прилепско средно училиште.
„Учениците имаат можност покрај наставните активности да учевствуваат и во воннаставни активности, како што се драмската секција, музичката секција, имаме бенд кој што е ангажиран со музички изведби на сите училишни настани. Јас ги поканувам учениците од сите училишта до крајот на денот да не посетат, можат да не посетат и во останатите денови кога сакаат и исто така ги поканувам да изберат една од струките во нашето училиште“-додава Видевска.
Инаку, според информациите СОУ„Ѓорче Петров“-Прилеп е едно од најмодерните, најопремените и најбарани средни стручни училишта во Пелагонискиот регион.
#Локално
Коментари
Постави коментар