Трупуновски: Ние ќе продолжиме и во наредниот период да имаме посериозни огласи кои ќе ги објави министертвото со веќе припремени земјоделски површини

Трипуновски во работна посета на Прилеп...

Денес во работна посета на Прилеп беше минисерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски. Трипуновски при денешната посета ги посети и новите простории на Прилепско поле.

Трипуновски за медиумите вели дека неговата посета во Прилеп има за цел доделување на договори од последниот јавен повик кој го спроведе Министерството за земјоделство, шимарство и водостопанство во месец јануари годинава.

„Денес сум во посета на подрачната едница на министерството за земјоделство овде во Прилеп. Целта е распоределба т.е доделување на договорите од последниот јавен повик кој го спроведе министерството во месец јануари. Овде имаме доделување на 192 договори кои што се со земјоделците од овој регион, со вкупна површина од оклу 500 хектари, а тоа покажува навистина голем интерес кај ваквите земјоделци.“-вели Трипуновски.

Трипуновски додава и дека земјоделците најмногу се заинтересирани за едногодишните култури, а на последниот јавен повик имало и посебен повик за легализација на веќе постоечки и подигнати алликации, а на истиот пристигнале преку 300, а одобрени биле само 160 апликации.

„Земјоделците најмногу се заинтересирани за едногодишните култури. Зависно од регионот, бидејќи овие повици се на ниво на цела држава. И во делот на градинарство во струмичкиот дел и во делот на едногодишните култури и во полјоделските култури така да во секоја една гранка има интерес за ставање на ова земјиште во фукција. Сакам да потенцирам дека на последниот јавен повик имаше и посебен повик за легализација на веќе постоечки и подигнати долгогодишни насади. Тука пристигнаа преку 300 апликации, од кои 160 се одобрени. Со ова им излегуваме во пресрет на сите земјоделци кои го немаат регулирано правниот однос за да може да бидат корисници на сите мерки кои ги дава министерството“-додава Трипуновски .

Имено, Трипуновски нагласува дека ставањето во функција на сето земјоделско земјиште е во насока за зголемување на земјоделското производство.

„Ставањето во функција на сето земјоделско земјиште е во насока да го зголемиме земјоделското производство. Нормално дека овие 6.000 хектари што се ставени во функција, а кои претходно не биле обработувани ќе допринесат во вкупното земјоделско производство. Ние ќе продолжиме и во наредниот период да имаме посериозни огласи кои ќе ги објави министертвото со веќе припремени земјоделски површини.“-нагласи Трипуновски и вели дека изминатиов период од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство биле направени голем број контроли и било откриено големо злоупотребување на земјоделско земјиште, а според Трипуновски договорите со ваквите земјоделци биле раскинати и се ослободило тоа злоупотребено земјоделско земјиште.

Ердован Исламовски од прилепското село Канатларци вели дека добиле договори за земјоделско земјиште во временски рок од 30 години. Тој со неговото семејство обработувале околу 150 хектари земјоделско земјиште, а според него најиплатлив за обработка е тутунот.

„Денес добивме договори за земјоделско земјиште за 30 години. Работиме некаде околу 150 хектари, а денес потпишавме 8 хектари на три различни фирми. Земјиштето најчесто го користам за садење и одледување на тутун, пченица, а во овој момет најиплатливо е да се обработува тутунот како земјоделска култура.Имаме и 70 хектари пченица, 60 хектари сончоглед и 70 хектари тутун“-вели Исламовски.


#Локално

Коментари

Популарни постови са овог блога

Јовчески: Новата прилепска катна гаража се очекува во употреба да се пушти за три недели

Автобускиот градски превоз во Прилеп со изменет возен режим

(Видео) Публиката на втората фестивалска вечер уживаше во настапот на Таско, Огнен Здравковски, Суперхикс и Том Нови