Над 20 видови на пиво, вкусна скара и добра забава на Пиво фестивал во Прилеп
Пиво фестивалот во Прилеп ќе се одржува од 18 до 20 Јули 2025 година...
Во просториите на Општина Прилеп денеска Бојан Велевски,
водителот на овгодишнатото издание на Пиво фестивалот 2025 во Прилеп и Борче
Јовчески, градоначалникот на Општина Прилеп одржаа официјална прес-конференција
на која ја претставија целосната програма за Пиво фестивалот во Прилеп.
Бојан Велесвски вели дека интерсно е тоа што по
завршувањето на официјалната програма на Камената бина во центарот на Прилеп
забавата ќе продолжи со диџеји кои нахнадно ќе бидат договорени, а според
Велевски буџетот на фестивалот изнесува 100.000 евра од кои 1.000.000 денари се
обезбедени од општината, а останатите 5.000.000 евра се’ обезбедени преку
спонзори.
„Интересното е
тоа што се враќа старо-новата програма за фестивалот, а тоа е што по
завршуваето на официјалната програма на Камената бина ќе продолжи забавата со
диџеји кој нахадно ќе бидат договорени. Знам дека младите во Прилеп тоа го
сакаат и навистина ми е драго што ќе го има. Буџетот за фестивалот изнесува
100.000 евра, а 1.000.000 денари се од општината, другите 5.000.000 денари се
обезбедени преку спонзори кои ќе бидат
на бината.“-вели Велевски.
Велевски додава и дека во буџетот од 100.000 евра влегува
целокупната организација од штандови, обезбедување, музичките ѕведи и се
останато.
„Во буџетот од
100.000 евра влегуваат и ѕвездите и целокупната организација од штандови,
обезбедеување и се останато. Организаторот оваа година се обиде со овие средства
да обезбедеи што е можно ппоквалитетна програма.“-додава Велевски.
Борче Јовчески, градоначалникот на Прилеп вели дека
градот ќе биде целосно подготвен да ги пречека љубителите на добрата музика,
вкусната храна и ладното пиво, а во координација со организаторот тие како
општина потпишале заеднички меморандум за соработка со организаторот на
манифестацијата.
„Општина Прилеп преку
програмата за култура предвиде поддрша за фестивалот од 1.000.000 денари, како
потврда за континуираната поддршка што ја дава општината за реализација на оваа
манифестација. Ве уверувам дека градот ќе биде целосно подготвен да ги пречека
десетиците илјади посетители и љубителите на добра музика како и љубителите на
вкусна храна и ладно пиво. Во координација со организаторот, со кого имаме
потпишано меморандум за соработка обезбедена е одлична музичка програма, која
ќе понуди незаборвна атмосфера за сите генерации.“-Вели Јовчески.
Имено, Јовчески додава и дека тие како локална сампуправа
ги превземале сите мерки за обезбедеување на хигиена и паркинг места во Прилеп.
„Како локална
сампоуправа ги превземаме сите неопходни мерки за обезбедување на беспрекорна
хигиена, паркин места во градот за што се грижат јавните претпријатија“-додава
Јовчески.
На овогодишниот Пиво фестивал во Прилеп ќе настапат:
Петок (18.07.2025 година)
-Кристијан Демјански и Ескејп бенд
-Наташа Малинкова
-Антонија Гиговска
-Битолски камерен орекестар заедно со Наде Талевска,
Андријана Јаневска и Ристо Самарџиев.
Сабота (19.07.2025 година)
-Јана Мрческа и бенд
-Група Калабалак
-Дамјан Стојановски
-Харис Џиновиќ
Недела (20.07.2025 година)
-Екстра бенд
-Модерато бенд
-Тајзи
-Никола Роквиќ
Инаку, локацијата на одржување на фестивалот е во
ценатрот на Прилеп пред филијалата на Комерцијална банка А.Д Скопје, а на
штандовите ќе бидат претставени 6 пивари и тоа Прилепска пиварница, Скопска
пивара, Македонско Пиво, Сараевско Пиво, како и Митос и Пеја со околу 20 видови
на пиво, а викендот додека се одржува Пиво фестивалот работното време на сите
угостителски објекти во Прилеп ќе биде продолжено за два часа.
#Локлано
Коментари
Постави коментар