Општина Прилеп со јавно известување до сите здруженија и спортски клубови кои имаат аплицирано на јавниот повик за распределба на буџетот на Општина Прилеп за 2025 година

Општина Прилеп со јавно известување до сите здруженија и спортски клубови...

Од Општина Прилеп излегоа со известување за сите здруженија и спортски клубови кои имаат аплицирано на Јавниот повик за распределба на средства од буџетот на Општина Прилеп за 2025 година.

„Здруженијата и спортските клубови кои што имаа аплицирано на Јавниот повик за распределба на средства од буџетот на Општина Прилеп за 2025 година, наменети за финансирање на спортски клубови, професионални спортски клубови, здруженија и фондации во областа на спортот, културниот и општествениот живот, треба да ги потпишат своите договори за исплата на средствата, од 23.06.2025 до 25.06.2025 во приемното одделение на општина Прилеп од 12:00 до 15:00 часот.
Сите претставници на здруженијата и спортските клубови задолжително со себе да го понесат печатот од здружението, спортскиот клуб!“-се вели во соопштението од Општина Прилеп.


#Локално



Коментари

Популарни постови са овог блога

Ученици од здравствената струка при СОУ„Ѓорче Петров“-Прилеп мереа шеќер во крвта, крвен притисок и витаминско-минерален статус (фото)

Реновирале стан и целиот отпад го оставиле во парк во Прилеп

Лишени 12 лица од слобода во Прилеп