Концерт на Симон Трпчески во Скопје

 Концертот ќе се одржи во арената „Борис Трајковски“-Скопје...

На 20 декември 2025 година, Скопје ќе биде сведок на музички спектакл посветен на 25-годишнината од уметничката кариера на еден од најголемите амбасадори на македонската култура во светот, маестро Симон Трпчески. Настан кој не се одбележува само со аплауз, туку со пиетет, восхит и неизмерна гордост.
 
Во соработка со Националната опера и балет, под диригентство на маестро Сашо Татарчевски, оваа вечер ќе биде спој на уметност, традиција, емоција и врвна интерпретација. Заедно со квинтетот „МАКЕДОНИСИМО” и специјални гости, Трпчески ќе нè однесе на патување низ музиката кое ќе ги надмине жанровите и границите.
 
По минатогодишниот фантастичен концерт во арена „Борис Трајковски”, кога Симон Трпчески ја наполни салата до последно место и ги остави присутните без здив, годинава тој се враќа со јасна причина за славење.
 
25 години врвна музичка кариера, исполнета со настапи на најпрестижните сцени, соработки со елитни оркестри и интерпретации што оставаат траен печат. Пат исполнет со непоколеблива посветеност кон уметноста, со страст што не згаснува и со визија што постојано се надградува. Јубилеј што сведочи за храброста да се остане верен на сопствениот израз, дури и кога тој го менува светот околу себе.
 
Настанот е во организација на „Прагма продукција”, а картите за истиот се веќе пуштени во продажба преку продажната мрежа на www.kupikarta.com, Розе Веро 2, ЈК травел во Т.Ц Бисер и ЈК травел Дајмонд мол.


#Естрада

Коментари

Популарни постови са овог блога

Ученици од здравствената струка при СОУ„Ѓорче Петров“-Прилеп мереа шеќер во крвта, крвен притисок и витаминско-минерален статус (фото)

Реновирале стан и целиот отпад го оставиле во парк во Прилеп

Лишени 12 лица од слобода во Прилеп