Во Прилеп синоќа започна Пиво фестивалот 2025
Синоќа во Прилеп започна 21. изданоие на Пиво фестивалот 2025...
Со настапот на
Кристијан Демјански и Ескејп бенд на главната сцена синоќа започна овогодишното
21. издание на Пиво фестивалот 2025. По настапот на Кристијан Демјански музички
настапи на главната сцена имаа Наташа Малинкова, Антониа Гиговска и Битолскиот
камерен оркестар кои настапи знаедно со Наде Талевска, Ристо Самарџиев и Андријана
Јаневска.
Христијан
Тунески, портпарол на Општина Прилеп за медиумите изјави дека тие како општина
и дел од организацијата се потрудиле програмата да биде богата, и да има за секој
по нешто.
„Вечерва започнува
21. Издание на Пиво фестивалот.
Добропознат фестивал, уживање за секој прилепчанец и секако атракција за секој
прилепчанец. Оваа година се потрудивме програмата да биде богата, да има се сите
вкусови, за секој човек да има музика и забава, многу пиво и секако добра
прилепска сакара.“-вели
Тунески
Борче Јовчески, градоначалникот
на Општина Прилеп за медиумите вели дека Прилеп со манифестацијата покажува
дека знае да организира и да собери граѓани од цела Македонија и балканот, а според
Јовчески, Прилеп покажува дека излегува од локалните рамки.
„Посебна чест
и радост е оваа манифестација што повторно се случува ова лето во нашиот град,
фестивалот на пивото 2025 година. Со тоа Прилеп докажува дека навистина знае да
организира, да собери наши сограѓани како од градот така и од цела Македонија и
од поблиските земји. Овие три фестивалски вечери Прилеп покажува дека излегува
од локалните рамки. “-вели
Јовчески.
Имено, публиката
синоќа на првата фестивалска вечер уживаше во едни од најголемите музички
хитови кои беа во изведба на кристијан Демјански, Наташа Малинкова, Антониа
Гиговска и Битолскиот камерен оркестар кој настапи зедно со Наде Талевска,
Ристо Самарџиев и Андријана Јаневска, а публиката со огроомно задоволство и
чест како и со огромно нетрпение го дочека настапот на Антониа Гиговска која
што всушност беше и синоќешната музичка ѕвезда на вечерта кај публиката, а
осоебо кај онаа млада популација каде што и Гиговска е најпопуларен естраден
уметник.
Синоќа се редеа
хитови, се уживаше во добрата музика, ладното пиво и вкусната топла прилепска
сакара. По музичкиот настап на Наташа Малинкова грдоначалникот на Прилеп Борче
Јовчески, се обрати пред многубројната публика и со крила точено пиво наздрави и го означи овогодишното 21 издание на Пиво фестивалот 2025 за отворено.
На Пиво
фестивалот 2025 во Прилеп има повеќе од 15 штандови, 6 големи пивари, а на
глвната сцена на трите фестивалски дена ќе настапат како домашни така и
балкански музички имиња кои се едни од најпознатите и најпризнатите во
Македонија и на целиот балкан.
Инаку, вечерва на
глваната сцена публиката ќе има можност да ги види и слушни Јана Мирческа со
нејзиниот бенд, Групата Калабалак, Дамјан Стојаноски и музичката „балканска“ ѕвезда
на вечерта Харис Џиновиќ. На алтернативната сцена по завршувањето на програмата
на главната сцена, диџеј Роби Реј ќе ја забавува публика на алтернативната
сцена која се наоѓа на Камената бина во центарот на Прилеп.
Х.А
#Локално
Коментари
Постави коментар