Публиката на третата фестивалска вечер од Пиво фестивалот 2025 уживаше во настапите на бендовите „Екстра“ и „Модерато“ , Тајзи и Никола Роквиќ

Со настапот на Никола Роквиќ заврши главниот дел од главната сцена, а со настапот на диџеј Були заврши алтернативниот дел од алтернативната сцена на Пиво фестивал 2025...

Во центарот на Прилеп синоќа се одржа третата и последна фестивалска вечер од Пиво фестивалот 2025, а публиката имаше можност да ги види, слушни и да ужива во музичките настапи на битолскиот „Ектра Бенд“, кавадаречкиот „Модерато Бенд“ , миленикот на многу генерации особено на помладата популација Тајзи и во настапот на балканската музичка ѕвезда Никола Роквиќ.

Посебно емотивен момент имаше кога Драган Величковски-Тајзи ја пееше „Чувај ни га Боже“ во спомен и чест на една од најголемите македонски ѕвезди Тодор Проески-Тоше и во чест на настарданите и загинатите во страотниот пожар од 15 Март во кочанската дискотека „Пулс“.

Имено, публиката со нетрпение го очекуваше на сцена да се појави Никола Роквиќ кој пред публиката ги отпеа неговите добро познати и признати музички хитови, а Роквиќ покрај неговите песни отпеа песни од неговиот татко Маринко Роквиќ и од неговите српски музички колеги.

За време на настапот на Роквиќ на синоќешната последна фестивалска вечер од Пиво фестивалот 2025 во Прилеп интересен момент беше кога Роквиќ испеа музички сплет од македонски народни песни со одличен македонски акцент и со одлично чувство и емоција кон македонската народна песна, на што публиката му се заблагодаруваше и наградуваше со долг и громогласен аплуз.

Инаку, целосната програма за овогодишното 21. Издание на Пиво фестивалот во Прилеп заврши со настапот на диџеј Були кој имаше настап на алетрнативната сцена со локација на Камена бина во центарот на Прилеп.

Христијан Ангелески

#Локално

Коментари

Популарни постови са овог блога

Јовчески: Новата прилепска катна гаража се очекува во употреба да се пушти за три недели

Автобускиот градски превоз во Прилеп со изменет возен режим

Времениот режим на сообраќај на патот кој ќе се гради од Прилеп до Битола договорен