Прилеп со 8 милиони евра ќе инвеститра нови развојни програми

Општина Прилеп на јавниот повик за локална самоуправа за 2025 година аплицира со 12 капитални проекти...

Минатата недела во Владата официјално беа потпишани договори за проекти со кои аплицираа општините од цела Македонија, а помеѓу нив беше и Општина Прилеп која аплицираше со 12 проекти на јавниот повик за локална самоуправа за 2025 година.

„Општина Прилеп во следниот период започнува со една нова значајна развојна фаза. Во Владата минтата недела официјално ги потпишавме договорите со кои аплициравме на јавниот повик за локална самоуправа за 2025 година. Со ова Прилеп обезбедува нови дополнителни средства од околу 8 милиони евра насочени кон капитални проекти, кои дирекно се од корист на нашите граѓани.“-вели Јовчески.

Според Јовчески, капиталните проекти со кои  Општина Прилеп аплицираше на јавниот повик за локална самоуправа за 2025 година се:

-Реконструкција на дел од плоштадот „Методија Андонов-Ченто“

-Изградба на мост на улицата „Победа“

-Реконструкција на влезот од Прилеп од страната кај Македонски Брод, улица „Орде Чопела“

-Реконструкција на улицата „Трајко Николоски“ со нова електро инсталација

-Нови детски игралишта во централното градско подрачје и во населбата „Типски“

-Изградба на водоснабдителен систем за селото Лениште

-Реконструкција на цевковод во индустриската зона и на манасирот свети Димитрија кај селото Селце.

-Поставување на фотонапонска централа на прочистителната станица

-Интеграција на скада ситем со гис платформа

-Замена на старата водоводна мрежа на булеварот „Гоце Делчев“ , улицата „Кузман Јосифоски“ и улицата „Ленин“

-Поставување на полуподземни контејнери вкупно 21 низ целиот град

-Реконструкција на фасадата на ООУ„Рампо Левката“-Прилеп

„Овие проекти се од витално значење за нашата општина и претставуваат одговор за сериозноста односно реалноста за потребите кои што ги имаат нашите граѓани. Ова е доказ дека кога работиме рационално, одговорно и посветено се разбира дека резултатите се видливи и не изостануваат“-додава Јовчески.

Инаку, проектот за изградбата на кружниот тек кај мостот во прилепската населба „Табана“ неколку пати е одложен и се пролонгира времето за отпочнување на неговата реализација.

 

#Локално

Коментари

Популарни постови са овог блога

Јовчески: Новата прилепска катна гаража се очекува во употреба да се пушти за три недели

Автобускиот градски превоз во Прилеп со изменет возен режим

Времениот режим на сообраќај на патот кој ќе се гради од Прилеп до Битола договорен