Македонската Влада ќе им го олеснува животот на семејствата на загинатите и повредените во дискотеката „Пулс“ во Кочани

Мицкоски најави дека Владата ќе им го олеснува животот на семејствата на загинатите во дискотеката „Пулс“ во Кочани...

Македонскиот премиер Христијан Мицкоски денеска од владата за медиумите рече  дека тие како Влада ќе направеле се’ што е во нивна моќ за да им го олеснат животот на семејствата на загинатите во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“.

„Ние сме во постојана комуникација со дел од родителите и семејствата на трагично загинатите и како Влада ќе направиме се’ што е во наша моќ, за да им го олесниме животот на тие семејства“-изјави Мицкоски.

Имено, Мицкоски изјавата ја даде по новинарско прашање за последното барање на родителите на загинатите во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, а во барањето се бара институционална и финансиска поддршка.


#Македонија

Коментари

Популарни постови са овог блога

Видевска: Задоволна сум од уписот на ученици во СОУ„Ѓорче Петров“-Прилеп

Од „Пушти коси“ до „ И тебе сам сит кафано“ синоќа на Пиво фестивалот во Прилеп

Прилеп со 8 милиони евра ќе инвеститра нови развојни програми