Водоводот на манстирот Трескавец вратен во функција. Манстирите во Селце и Лениште ќе добијат нови водоводи

Шест од пректите со кои Општина Прилеп аплицираше на јвниот повик од Владата се токму за нови водоводи...

Водоводот на манастирот Трескавец кај Прилеп од пред две недели е повторно вратен во првобитна состојба. Водоводот во првобитната состојба е вратен благодарение на парични средства од Општина Прилеп, прилепскиот Водовод и една анонимна општествено одговорна компанија.

Игор Гулабоски, директорот на ЈКП„Водовод и канлизација “-Прилеп вели дека резервоарите за вода кај манастирот се полни, а според Гулабоски нивниот проект е целосно завршен и сега останува на манастирот да го досреди внатрешниот дел и внатрешната инасталација на водоводот.

„Резероварите повторно се полни, сега останува на манастирот внатрешниот дел да си го досредат. Од наша страна проектот е целосно завршен  и се’ што беше оштетно е вратено во првобитната состојба. Проектот кој го наследивме пред три и половина години е завршен , а од овој дел па натаму ние немаме ништо со тоа. Сега манастирот треба да си направи проект за внатрешна инсталација, дел од тоа е направено, а дел е оштетено со ископи.“-вели Гулабоски.

Инаку, Гулабоски на прес-конфренцијата истакана и дека манастирите во прилепските села Селце и Ленште како и самите села ќе добијат потполно нови водоводи.

Според Гулабоски шест од предвидените проекти со кој Општината аплицираше на јавните повици од Македонската влада се токму за добивање средства за реконструкција и модернизирање на водоводната мрежа во Прилеп и поблиските населени места.


#Локално

Коментари

Популарни постови са овог блога

Јовчески: Новата прилепска катна гаража се очекува во употреба да се пушти за три недели

Автобускиот градски превоз во Прилеп со изменет возен режим

Времениот режим на сообраќај на патот кој ќе се гради од Прилеп до Битола договорен