Во Македонија активни три пожари

Пет пожари се под контрола...

Македонија и натаму останува под закана на пожарите, а пожарите во Дојран, Македонски Брод и Велес сеуште беснеат. Пет пожари се под контола меѓу кои под кнтрола се и пожарите во главниот македонски град, Скопје. 

Од МВР велат дека последно од слобода е лишен 61 годишник од селото Огњанци, а од слобода е лишен поради тоа што бил фатен како пали сува трева и ѓубриште кај старата депонија. 

Од Јавното обвинителство велат дека прибавена е цела документација поврзана со работата на отпадот и дадени се насоки за извршување службени разговори за да се види каков отпад бил складиран на локацијата и дали се почитувани законските мерки за работа. 

Имено, Стојанче Ангелов, директор на ДЗС кај активните пожари најголем акцент е ставен на пожарот кај селото Николиќ во Општина Дојран.

Инаку, на сила е забраната за движење во шума е активна, но во шума може да се движат само лица на кој им е издадена службена дозвола и тоа се' со цел навремено и брзо превенирање со пожарите. До граѓаните надлежните постојано со аплеи да не се фрлаат догорчиња од цигари и да се пали оган на отворен простор.


#Македонија

Коментари

Популарни постови са овог блога

Ученици од здравствената струка при СОУ„Ѓорче Петров“-Прилеп мереа шеќер во крвта, крвен притисок и витаминско-минерален статус (фото)

Реновирале стан и целиот отпад го оставиле во парк во Прилеп

Лишени 12 лица од слобода во Прилеп