Двојно убиство и самоубиство во Прилеп

Околу полноќ над улицата „Стеван Апостолоски“ во Прилеп се појавил хеликоптер, а околу еден часот по полноќ единиците за брзо распоредување-тигри...



Во текот на вчерашниот ден во Прилеп се одвивала вистинска семејна драма. Вујко ги убил својот внук од сестра и неговиот син.

Две лица татко и син се убиени синоќа на улицата „Стеван Апостолоски“ во Прилеп. Според информациите 63-годишен прилепчанец најпрво го лишил од живот својот 43-годишен внук, а потоа и неговиот 12-годишен син.  Настанот се случил околу  16 часот во Прилеп поради нерасчистени имотни работи, а откако ги убил внукот и синот на внукот 63-годишиот прилепчанец се самоубил.

Имено, Стевчо Биноски, јавен обвинител од ОЈО Прилеп вели дека таткото и синот отишле во куќата на вујкото околу 16 часот и дека во куќата немало никој освен вујкото, а според Биноски  вујкото претходно му ја препишал куќата на внукот ,но што точно се случувало се до пристигнувањето на полицијата околу 22 часот не се знае.

„Таткото и синот отишле во куќата на вујкото на улицата „Стеван Апостолоски“ околу 16 часот. Во куќата освен вујкото немало никој. Претходно вујкото му ја препишал куќата на внукот од сестра. Не се знае што точно се случувало во наредните часови, само се зане дека 43-годишниот татко и 13-годишниот син биле убиени пред да стигне полицијата околу 22 часот. Ова е утврдено зашто соседите слушнали истрели“-вели Биноски.

Сопругата и мајка на сега веќе починатите татко и син викнала полиција откако се загрижила затоа што со часови ги немало нејзиниот сопуг и син. Кога полицијата пристигнала пред куќата околу 22 часот  и се обидела да влезе внатре, убиецот им фрлил бомба која што полуексплодирала, но за среќа не предизвикала никакви повреди при што и тој самиот се самоубил.

Според изјавите на Биноски полицијата ја активирала и единицата тигри која околу еден часот по полноќ влегла во куќата и ги пронашла мртвите тела на 43-годишниот татко и 12-годишниот син.

Инаку, од прилепското ОЈО излегоа со официјално соопштение во кое се вели дека дежурен јавен обвинител од ОЈО Прилеп извршил увид на лице место во куќа во Прилеп каде беа пронајдени безживотните тела на 43-годишниот татко, 12-годишното дете и 63-годишниот вујко-убиец.

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Прилеп изврши увид на лице место во куќа во центарот на Прилеп каде беа пронајдени безживотните тела на 12-годишно дете и двајца мажи на возраст од 43 и 63 години. Според првичните сознанија, 63-годишникот најпрво го лишил од живот својот внук од сестра и неговиот син, поради семејни недоразбирања и нерасчистени имотни прашања. По извршување на делото, мотивите за стореното ги објавил и на една социјална мрежа, а потоа се самоубил. Јавниот обвинител издаде наредба за обдукција на починатите, како и за прибирање на сите траги, оружје и муниција пронајдени на лице место кои ќе бидат предмет на вештачење.-се вели во соопштението од ОЈО Прилеп.

Погребот на 43-годишниот татко и 12-годишното дете ќе се одржи утре 14 Јули (понеделник) во 12 часот на Старите градски гробишта во Прилеп.


#Локално


Коментари

Популарни постови са овог блога

Јовчески: Новата прилепска катна гаража се очекува во употреба да се пушти за три недели

Автобускиот градски превоз во Прилеп со изменет возен режим

Времениот режим на сообраќај на патот кој ќе се гради од Прилеп до Битола договорен