Општина Прилеп доби нови два проекти за подобрување на животната средина и јавната инфраструктура
Општина Прилеп доби финансиски средства за реализација на два нови проекти...
Општина Прилеп доби средства за реализација на два нови проекти кои се одобрени од Министерството за локална самоуправа-Биро за регионален развој, во рамки на програмата за реномиран регионален развој за 2025 година.
„Првиот проект „Подобро одржување на зелените површини во Општина Прилеп“ доби финансиска поддршка во износ од 2.500.000 денари преку Повикот за развој на урбаните подрачја и одржлив урбан развој. Со овие средства ќе се набави нов мини багер, кој значително ќе придонесе кон поефикасно и континуирано одржување на јавните зелени површини низ градот.
Вториот проект „Пошумување на споменикот на природата Маркови кули заради воспоставување стабилност на еколошките процеси и биолошката предeлска разновидност“ е поддржан со 2.000.000 денари преку Повикот за развој на подрачјата со специфични развојни потреби. Проектот предвидува набавка на трактор со приколка и дополнителна опрема неопходна за успешно пошумување и заштита на овој важен природен локалитет.“-велат од Општина Прилеп од каде додаваат дека договорите за двата проекти се веќе потпишани и веднаш ќе пристапат кон нивна реализација.
„Договорите за двата проекти се веќе потпишани, и веднаш пристапуваме кон нивна реализација. По набавката, механизацијата ќе биде предадена на ЈКП „Комуналец“ – Прилеп, со кое што заедно ќе ги спроведуваме активностите на терен.“-додаваат од Општина Прилеп.
Инаку, градоначалникот на Општина Прилеп,Борче Јовчески, вели дека ова е уште еден доказ дека општината работи посветено за подобрување на квалитетот на животот, заштита на природата и и создавање на почиста и позелена површина за сите граѓани.
„Ова е уште еден доказ дека Општина Прилеп работи посветено и стратешки за подобрување на квалитетот на живот, заштита на природата и создавање почиста и позелена животна средина за сите граѓани“-вели Јовчески.
#Локално
Коментари
Постави коментар