Од „Пушти коси“ до „ И тебе сам сит кафано“ синоќа на Пиво фестивалот во Прилеп

Синоќа публиката уживаше во настапите на Јана Мирческа, групата „Калабалак“, Дамјан Стојаноски и Харис Џиновиќ...

Прилепската, а и публиката од целата земја и регионот синоќа уживаше во музичките настапи на Јана Мирческа и бенд, груапата „Калабалак“, Дамјан Стојаноски и Харис Џиновиќ.

Најголем интерес и најубаво музичко расположение публиката покажа за време на настапите на Дамјан Стојаноски и Харис Џиновиќ.

Додека Стојаноски ја пееше традиционланата, добро позната и призната втора македонска химна „Заветна“ која во оригинална верзија е на Пепи Бафтировки како и за втората најбарана македонска песна „Нема друга Македонија“ публиката пееше во еден глас заедно со Стојаноски.

Имено, Стојаноски за медиумите вели дека прилепската публика е прекрасна но, тој за прв пат имал настап на Пиво фестивалот, а Стојаноски упати и благодарност до организаторите за поканата и реакциите на публиката.

„Прилепската публика како и секогаш е прекрасна. За прв пат сум на Пиво фестивалот кој навистина е нешто посебно. Благодарам за поканата и благодарам за одзивот и реакциите од публиката. Јас го испеав мојот репертоар кој најчесто го пеам, мој песни, песни од татко ми и песни од братучедите“-вели Стојаноски кој за неговиот српски колега Џиновиќ рече дека е посебна музичка балканска легенда.

Секако публиката со огромно задоволство и громогласен аплауз на сцената го пречека Харис Џиновиќ, кој всушност беше и музичката ѕвезда на втората фестивалска вечер.

Посебно интерено беше кога самиот Џиновиќ се симна од сцената во публиката каде подели по некој автограм и некоја селфи фотографија со неговите фанови и обожаватели. Тој традиционално ги отпеа неговите големи музички хитови како што се „Пусти ме“ , „Муштулук“ , „И тебе сам сит кафано“ , „Како ми недостајеш“ , „ Паришке капије’’ и ред други негови големи хитови.

Инаку, вечерва на третата и последна фестивалска вечер од овогодишното 21. издание на Пиво фестивалот 2025 во Прилеп на главната сцена ќе настапат Ектра бенд, групата Модерато, Тајзи и Никола Роквиќ кој ќе биде ѕвезда на вечерта и ќе го затвори овогодишното издание на Пиво фестивалот во Прилеп, додека пак, на алтернативната сцена вечерва на поселедната вечер од фестивалот ќе настапи диџеј Були.


Христијан Ангелески

#Лоаклно

Коментари

Популарни постови са овог блога

Ученици од здравствената струка при СОУ„Ѓорче Петров“-Прилеп мереа шеќер во крвта, крвен притисок и витаминско-минерален статус (фото)

Реновирале стан и целиот отпад го оставиле во парк во Прилеп

Лишени 12 лица од слобода во Прилеп