Од ЈКП„Водовод и канализација“-Прилеп со апел за порационално користење на водата

Денеска медиумска прес-конференција одржа Игор Гулабоски, директор на  ЈКП„Водовод и Канализација“ кој упати апел за порационално користење на водата...

Енорнмно топлото време и високите температури кои во моментов го надминуваат 20-от стпен целзиусов ги донесе и проблемите на прилепчани со водоснабдувањето.

Според Игор Гулабоски, директор на ЈКП„Водовод и канализација“ на Прилеп му се потребни 260 литри вода за нормално функционирање, а во изминативе неколку дена според Гулабоски прилепчани во попладневните часови кога е и најтопло трошеле и до 420 литри на вода во секунда.  Гулабоски упати апел до граѓаните за порационално трошење на водата, а за проблемот со водоснабдувањето во повисоките делови од градот го надминале со пренасочување на водата од ниска кон висока зона и обратно.

„Ние од пред неколку денови работиме на тој проблем и истиот тој проблем во високите зони е веќе надминат. Направивме пренасочување на дел од водата од ниска спрема висока зона, но тоа не е’ добро во практика. Забележавме дека аплеот за штедење на водата граѓаните не го почитуваат и моравме да преземеме такви мерки кои по нормализирање на потрошувачката системот ќе го вратиме повторно како што беше, а тоа ќе биде за околу 2 до 3 месеци“-вели Гулабоски.

Имено, според Гулабоски за проблемот со водоснабдувањето да биде уште поголем придононесуваат 56% на загубите на вода, а за загубите според Гулабоски одговорна е старата водоводна мрежа и дивите водоводни прклиучоци.

„Имаме и загуби на вода од 56%. Тие загуби се од диви приклучоци кои за жал ги имаме во голем број, при отстранување на дефекти,  вода која се губи подземно и која ниту ние неможеме да ја забележиме, а паралелно работиме и на тоа и затоа ги имаме овие проекти за реконструкција на старата водоводна мрежа.“-додава Гулабоски.

Од ЈКП„Водовод и канализација“-Прилеп велат дека во моментов водата е здравствено-исправна за пиење,а истата 290 литри во секунда доаѓа од изворот Студенчица и 20 литри од сопствени извори.

Инаку, проблемот со водата на улицата „Прилепски бранители“ кај прилепската гимназија „Мирче Ацев“ веќе се санира, велат од ЈКП„Водовод и канализација“-Прилеп.

 

#Локално

Коментари

Популарни постови са овог блога

Јовчески: Новата прилепска катна гаража се очекува во употреба да се пушти за три недели

Автобускиот градски превоз во Прилеп со изменет возен режим

Времениот режим на сообраќај на патот кој ќе се гради од Прилеп до Битола договорен