12 пожари под контрола, еден изгаснат

Од ЦУК излегоа со соопштение за пожарите...

Од вкупно 13 пожари на отворен простор изминатото деноноќие, 12 се изгаснати, а еден е ставен под контрола, информираа утрово од Центарот за управување со кризи.

На територијата на Општина Берово пожарот е ставен под контрола. Како што се појаснува во соопштението, станува збор за огнените јазици на подрачјето на планината Готен кон малешевските планини, а гореле бор, бука, нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација.

Изгаснатите пожари биле на територијата на општините Арачиново, Гази Баба, Гевгелија, Кавадарци, Карбинци, Македонска Каменица, Радовиш, Желино, а останатите четири во прилепскиот регион.

На вчерашната прес-конференција, директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов апелираше за внимателност за Илинденските празници, за да не се предизвикаат пожари.


Извор на информации: МРТ

#Македонија



Коментари

Популарни постови са овог блога

Видевска: Задоволна сум од уписот на ученици во СОУ„Ѓорче Петров“-Прилеп

Од „Пушти коси“ до „ И тебе сам сит кафано“ синоќа на Пиво фестивалот во Прилеп

Прилеп со 8 милиони евра ќе инвеститра нови развојни програми