Градоначалникот на Општина Прилеп со честитка за Илинден

Празнични честитки...

Прилепскиот градоначалник Борче Јовчески, излезе со честитка за Илинден, а тој во честитката вели дека на денешен ден 2 Август се сеќаваме и црпиме сила и дека Илинден е симболот на непокорот и стремежот за слобода на македонскиот народ.

На денешен ден, се сеќаваме, но и црпиме сила. Илинден не е само датум – тоа е симбол на непокорот, на стремежот за слобода, на државотворната мисла што го обликуваше идентитетот на македонскиот народ.

122 години од Крушевската Република и 81 година од АСНОМ – два Илиндена што го одбележаа патот кон македонската држава. Два настани што и денес нè потсетуваат дека слободата не се добива, таа се освојува, со знаење, со храброст, со работа, со љубов кон татковината.
Градот Прилеп отсекогаш бил дел од таа приказна со своите херои, со своите борци, со својот народ кој никогаш не се откажал од идејата за правда и достоинство. Денес, наша должност е да продолжиме да го градиме тој пат со одговорност, со чесност и со верба во нашите заеднички сили.
Нека овој ден нè обедини во почит кон минатото, но и во решителност за иднината. Да се гордееме со тоа што сме, и уште повеќе со тоа што заедно можеме да бидеме.Нека ни е честит и вековит Илинден!“-се вели во честитката од градоналаникот на Општина Прилеп, Борче Јовчески.

#Празнични честитки

Коментари

Популарни постови са овог блога

Ученици од здравствената струка при СОУ„Ѓорче Петров“-Прилеп мереа шеќер во крвта, крвен притисок и витаминско-минерален статус (фото)

Реновирале стан и целиот отпад го оставиле во парк во Прилеп

Лишени 12 лица од слобода во Прилеп