Сиљановска-Давкова:Нека е за многу години Илинден!

Празнични честитки...

Претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова со положување на свежо цвеќе на гробот на македонскиот револуционер Никола Карев во „Македониумот“ во Крушево одаде почит на револуционерите кои се бореле за слободна, самостојна и независна држава Македонија.

Сиљановска-Давкова излезе и со честитка за 2 Август-Илинден во која вели дека Илинден е за многу години.

Денеска, оддадов почит на македонскиот револуционер Никола Карев, претседател на Крушевската Република, кој заедно со своите соборци, Илинденци ја започна борбата за слободна македонска држава.

Положив свежо цвеќе на неговиот гроб во „Македониум“, на споменикот на хероите на месноста „Слива“ и присуствував на панихидата во храмот „Св. Никола“ во Крушево.
Нека е за многу години Илинден!“-вели Сиљановска-Давкова во честитката за Илинден.

#Празнични честитки

Коментари

Популарни постови са овог блога

Ученици од здравствената струка при СОУ„Ѓорче Петров“-Прилеп мереа шеќер во крвта, крвен притисок и витаминско-минерален статус (фото)

Реновирале стан и целиот отпад го оставиле во парк во Прилеп

Лишени 12 лица од слобода во Прилеп