Општина Прилеп за учениците од основните училишта ќе обезбеди бесплатна униформна и бесплатен оброк
Општина Прилеп обезбеди бесплатна униформа за сите основци, а за децата од I до III одделние и бесплатен здрав оброк...
Општина Прилеп со почетокот на новата учебна 2025/26 година, а која почнува во понеделник даде силна поддршка за учениците, а за учениците од основно училиште обезбеди бесплатна уноформа за секој основец. За учениците од I до III одделение во основното образование обезбеди и бесплатен здрав оброк.
-Направени се реконструкции и опремувања во сите основни, средни училишта и градинките со што се обезбедени подобри услови за сите ученици.
-Обезбеден е бесплатен здрав оброк за учениците од I до III одделение – мерка што продолжува и оваа година.
-6.000 ученици во основното образование ќе добијат бесплатни училишни униформи, со што се обезбедени еднакви и достоинствени услови за сите, а почетен прибор ќе биде доделен на првиот училишен ден за сите првачиња.
-Изградена е нова спортска сала во ООУ „Блаже Конески“, инвестиција од околу 23 милиони денари, која ќе овозможи поквалитетен физички развој на учениците.
-Од 1 септември започнува и бесплатниот училишен превоз за учениците од населените места. Новитет е воведувањето линиски превоз кој ќе можат да го користат и останатите жители на населените места, а не само учениците.
-Инсталирани се осум прочистувачи на воздух, обезбедени од Владата на Република Македонија – шест во спортските сали на основните училишта и два во градинките. Заедно се грижиме за подобрување на квалитетот на воздухот каде што престојуваат нашите најмили.
Од Општина Прилеп велат дека целта е секој ученик да ја започне новата учебна година со насмевка и мотивација, а образованието да биде радост за сите.
„Нашата цел е секој ученик да ја започне учебната година со насмевка и мотивација, а образованието да биде гордост и радост за сите.
Вложуваме во образованието – вложуваме во нашата иднина!“-велат од Општина Прилеп.
#Локално
Коментари
Постави коментар