Празнична илинденска честитка на Венко Филипче
Празнични честитки...
Венко Филипче, претседателот на СДСМ денес излезе со честитка по повод денот на македонското востание 2 Август-Илинден.
„Големата епопеја, борбата за слобода и револуцијата за своја држава ја почнаа и завршија со големата историска победа нашите предци, нашите сограѓани.
Затоа покрај големата благодарност на нашите херои и паднати борци за слобода, до потомците на загинатите и до семејствата на учесниците мојата порака е дека нашата мирновременска „борба“ не е завршена. Треба да признаеме дека се уште нивниот аманет не е исполнет до крај. Се уште не сме го оствариле сонот на многу генерации нашата татковина да биде убаво место за живеење по урнекот на многу европски градови и држави.
Не чека уште многу макотрпна работа. Не смееме да чекаме судбината да ни биде иднина, туку мораме храбро да продолжиме со уште поголем ентузијазам да им создадаме на идните генерации поквалитетн, послободен и побогат живот, да бидеме целосно интегрирани со Европа каде и цивилизациски и културно и географски припаѓаме.
Немаме повеќе време да жртвуваме генереации чекајќи друг да ни ги решава проблемите и да трошиме енергија во делби и меѓусебна омраза.
Да се угледаме на нашите знаменити предци чиј сон сакаме да го оствариме. Тие ни оставија големо наследство. Не почнавме од нула како тие. Ни дадоа држава, со своја крв во темелите. Не описменија и ни ја напишаа азбуката, ни го стокмија литературниот македонски јазик, ни ги отворија првите училишта на мајчин јазик
Сега нашата света должност е за истиот период, на веќе изградените темели, да направиме нешто многу повеќе. Затоа ни е неопхдно единство и фер натпревар кој тоа ќе го направи подобро и побрзо. Ние сметаме дека сме на добар пат да го оствариме сонот на нашите претходници.
Убедени сме дека сме на праведната страна на историјата и во тоа го гледаме патриотизмот.
Нека ни е честит Илинден - Денот на Републиката!“-вели Филипче во илинденската честитка.
#Празнични честитки

Коментари
Постави коментар