Мицкоски: Големиот празник Илинден нека нѐ потсетува на жртвата којашто генерациите ја оставиле за да може нашата генерација да го има ова што денеска го имаме, а тоа е слободна, независна држава Македонија.
Празнични честитки...
Премиерот и претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски, денес на социајлните мрежи излезе со честитка по повод денот на македонското востание и денот кога се удриле темелите на македонската државност 2 Август-Илинден.
Имено, Мицкоски во честитката вели дека Илинден не потсетува на жртвите за слободна и независна држава Македонија.
„Големиот празник Илинден нека нѐ потсетува на жртвата којашто генерациите ја оставиле за да може нашата генерација да го има ова што денеска го имаме, а тоа е слободна, независна држава Македонија.
Нека нивната жртва не потсетува каква држава треба ние да оставиме на генерациите коишто следат после нас, држава во којашто ќе имаме среќни граѓани, држава којашто ќе биде просперитетна, држава којашто ќе биде татковина на сите, без разлика на етничката припадност.
Овој ден нека нѐ обединува, ова е ден за обединување, да се слави и да ни е вековит денот, да го чествуваме достоинствено и напомош нека ни е Св.Илија.“-вели Мицкоски во неговата илинденска честитка.
#Празнични честитки
Коментари
Постави коментар