Прилеп од утре повторно со јавен превоз

Платите на вработените во ЈП за ПУП заклучно со 21 август годинава се исплатени...

Во Прилеп од утре по пауза од три дена поради неиплатени плати во редовна возна линија се враќа јавниот градски превоз.

Бранко Нешкоски, директор на  ЈП за ПУП вели дека заклучно со 21 овој месец на вработените во ова јавно претпријатије им се исплатени сите плати.

„Сите плати и додатоци кон платата што значи неделни часови, придонеси, додаток на работни денови во однос на вработените се исплатени заклучно со јули до 21 Аавгуст, што значи дека сите плати и додатоци се исплатени. “-вели Нешкоски.

Нешкоски исто така вели дека училиштата во Општина Прилеп нама да бидат доведени во ситуација каква што ја имаат и досега.

„Најавите се дека методологијата на пресметување од 2026 година ќе биде променета. Врз основа на вистинските потреби на училиштата, ќе се направи анализа за тоа колку километри се поминуваат, колку деца има, која е усвоената цена на советот на Општина Прилеп, а со тоа вистинската цена која е реална ќе биде исплатена. Училштата нема да бидат доведени во ситуација каква што ја имаат и досега да неможат да платат струја, да неможат да платат за јавен превоз.“-изјавува Нешкоски.

Имено, Нешкоски исто така вели дека од 1 Септември 2025 година ЈП за ПУП ќе пушти уште 3 нови релациски линии, а на  кои ќе сообраќаат 5 минибуси, а тоа ќе бидат линии за прилепските села Тополчани, Канатларци, Чепигово, Селце, Волково и Штавица. Новите 3 линии покрај ученици можност за користење ќе имаат и останатите жители на овие прилепски села.

„Овие линии ќе ги превезуваат учениците од тие населени места до градот или пак, ќе ги враќаат дома. Тој превоз покрај ученици ќе можат да го користат и жителите од тие региони по цена како ученици, а која е утврдена од страна на советот на Општина Прилеп.“-додава Нешкоски.

Инаку, според Нешкоски и за едно дете вредело да се пушти линија до селото Витолиште, а  едно од долгогодишните барања на жителите од ова село е токму барање за пуштање на јавен превоз до таму.

„И за едно дете вреди да се пушти линија до тој регион“-рече Нешкоски.

 

#Локално

Коментари

Популарни постови са овог блога

Јовчески: Новата прилепска катна гаража се очекува во употреба да се пушти за три недели

Автобускиот градски превоз во Прилеп со изменет возен режим

Времениот режим на сообраќај на патот кој ќе се гради од Прилеп до Битола договорен